Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на отворањето на новиот производствен погон на компанијата „ВИК“ (WIK) во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Прилеп.

Отворањето на новиот погон на фабриката „ВИК“ е уште една значајна инвестиција која носи нов производен капацитет и нови работни места, смета премиерот.
– Кога ќе го достигне својот полн капацитет, оваа инвестиција се очекува да обезбеди дополнителни 300 вработувања и да даде силен придонес кон развојот на Пелагонискиот Регион и македонската економија.
Особено значајно е што станува збор за инвестиција насочена кон циркуларната економија, следејќи ги современите европски трендови за рециклирање, обновување и создавање додадена вредност – рече премиерот Мицкоски.

Како Влада останувале посветени на поддршка на инвеститорите, создавање поволна деловна клима и привлекување нови инвестиции кои ќе значат економски раст и подобар животен стандард за граѓаните.
![]()

