Театар
Во театарот во тек се пробите за новата претстава “Животинска фарма” според Орвел, во режија на Чендрим Ријани.
Ријани вели дека “Животинска фарма” е еден од надраматизираните романи во светот.
– Орвел е прекрасен автор. Текстот е погоден за театарска поставка. Концепт со кој се надградува “Животинска фарма” . Му личи на театарот “Војдан Чернодрински”. Освен делото, тука е моментот во кој се наоѓа театарот без театар, се надградува и се вградува во концептот на “Животинска фарма”. Затоа сакав да го поставам – вели режисерот.
Според Ријани театарот има добра актерска екипа.

– Актерите работеле експерименти, на пример со Мартин. Има можност да се посвети внимание на актерите кои се многу добри за да извадиме претстава што ќе произлегува од нив. Има извонреден потенцијал за трансформација во можна, вузуелна и симболична театарска претстава. Мислам дека е момент да се направи овој концепт во прилепскиот тетаар каде што сите актери ќе дадат свој придонес, односно да направиме алегорична трагикомедија – посочува тој, истакнувајќи при тоа дека ќе биде камерна претстава.
Ќе играат сите актери од ансамблот: Игор Трпчески, Марија Спиркоска Илијеска, Наташа Ачански, Димитар Ѓорѓиевски, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески. Драматург е Лидија М. Ѓорѓиевска, сценограф Валентин Светозарев, костимограф Марија Папучевска, а за музиката е задолжен Томе Темелкоски. Премиерата ќе биде во октомври.
“Животинска фарма” е сатирична алегорија напишана од Џорџ Орвел во 1945 година. Приказаната е за група животни што го преземаат управувањето со фармата од луѓето. Животните поттикнати од визијата на едно старо прасе, организираат бунт против сопственикот и ја прогласуваат за слободна фарма. На почетокот нивниот идеал е еднаквост, правда и самоуправување, но постепено свињите ја преземаат контролата и се претвораат во тирани полоши од луѓето.
Режисерот Чендрим Ријани дипломирал на Универзитетот за уметности во Тирана. Таму завршил и постдипломските студии. Реализирал 27 театарски претстави, три документарни филмови, една опера во театри во земјава и во странство. Има освоено над 70 награди од кои над 40 како режисер. Двапати е наградуван на МТФ “Војдан Чернодрински”, а ова му е прва соработка со прилепскиот ансамбал.
![]()

