Шах
Одлична е женската шахвска екипа на Прилеп на Државнотоо првенство во Струга. На конечната табела е четврта, под скопските – првиот Алкалоид (11 бода) и вториот Центар (10), како и под третопласираното Неготино (8). На крајот, во 7.коло се случи чудо. Извадено е нерешено (2:2) против шампионот Алкалоид. За Прилеп сите четири шахистки зедоа по половина поен – 26-годишната ВМ Јулија Антолак од Полска (вкупно освои 2,5 поени), 36-годишната ФМ Мариа Гошчиниак од Полска (3), 39-годишната Јустина Дутка, Македонка со потекло од Полска (4) и 17-годишната Теодора Ѓорѓиеска (3). Покрај нив, на првенството за екипата Прилеп настапија уште 18-годишната Ирина Вујатовиќ од Србија (1) и 23-годишната Јана Анѓелкоска (1,5). Прилеп загуби двапати (со Центар 0,5:3,5) и од Неготино (1:3), еднаш одигра нерешено (со Алкалоид 2:2), трипати победи (Капабланка Скопје 4:0, Цареви Кули Струмица 4:0, Гамбит Скопје 3,5:0,5), така што освои 7 бода.
Интересно за Алкалоид е што нерешено изваде само со Прилеп, а сите други екипи ги победи.
![]()

