Ракомет: Зоран Спиркоски, тренер на Деспина
Според Ракометната федерација на Македонијја, екипата Деспина од Прилеп е нов женски ракометен суперлигаш. Го зазема местото од Куманово, екипа која е исклучена од највисокиор ранг поради финансиските проблеми. Овче Поле СУ од Свети Николе не прифатило да биде суперлигаш, туку и во иднина ќе учествува во Првата лига.
Деспина, иако четвртопласирана, оди во Супер лигата, каде се првите две екипи на табелата од Скопје – Атлетик и МРК Ѓорче Петров.
– Управата на клуботја прифати понудата од РФМ да го пополни испразнетото место. Амбициитеќе бидат, првин опстанаок, па потоа ќе мислилме за други цели, затоа што во елитата сме предвреме. Нашиот план беше и следнава сезона да бидеме во Првата лига, па дури потоа да влеземе во највисокиот ранг. Ни останува да се бориме со сите сили. Преговараме за засилувања. На располагање се сите ракометарки од минататото првенство, вклучително и најискусната Мери Гичева – вели тренерот Зоран Спиркоски.
Првенството во Супер лигата за жени стартува на 5/6 септември, а Деспина има подготовки со тренинзи од 5 август. Во план е и пријателски меч.
![]()

