Стартува новата учебна година
Засега 510, можеби и повеќе првачиња влегуваат во училиштата во трката за знаења. Тоа е 30 деца помалку од лани во основните училишта каде се стакнуваат со знаење 5600 ученици. На први септември, училишното ѕвонче во новата учебна година го слушнаа 2800 ученици, од кои 700 се во прва година.

Според локалните власти, во 10 централни и 15 подрачни училишта сé е подготвено да ги прими децата во воспитно образовниот процес. Со таканаречената оптимизација нема затворање ниту на едно училиште. Ниту еден наставник нема да биде отпуштен.

– Подготвени се мали пакети со основните училишни прибори, потребни за првачињата. Година првпат родителите добиваат поддршка за секое прваче од 3000 денари – вели градоначалникот Дејан Проданоски.

Првиот училишен стартува со подобрени условите во образование, поради вложените 20 милиони денари.

– Тука се спортските игралишта во ОУ “Кире Гаврилоски” и ОУ “Кочо Рацин”, при крај е уредувањето кај новата спортска сала во ОУ “Блаже Конески”, во ОУ “Рампо Левката” се изгради игралиште за баскет со мека подлога и заврши реконструцкијата на фасадата – аргументира Проданоски.

Тој најави дека и децата ОУ “Страшо Пинџур” од селото Мало Коњари може да очкуваат спортска сала.
![]()

