ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (351) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Додека групата беше со интензивни раскажувања од разни историски случувања, дојдоа штавичките гости свадбари Делоски Блаже и Ристе, прибраќа на свекрвата Васка, а крвно браќа на Крста Блажејца Бамакоска од с. Мојно.

Девојката Митра Бачоска од с. Кокре, мажена во с. Штавица за Неданоски Делоски Андон. Овој брачен пар има три деца, Блаже, Крсто и Ристе. Андон Делоски загинува на фронто во Првата светска војна 1915 – 1918 година. Андоница Митра останува вдовица со три деца сирачиња.

Исто така, во Марул Ристески Василов Стојан Дамјаноски останува вдовец со две деца сирачиња поради неговата сопруга Благуна Гулеска од Мојно починала во Првата светска војна од чумата. Негови деца се Васко и Милан.

Со посредници Стојан вдовецот и Митра Андоница вдовицата, прават средба и се договарат за заеднички живот во иднина. Андоница Митра вдовицата со трите деца доваѓа кај Стојан Дамјаноски во Марул. Децата сирачиња ги зближуват во заеднички живот.

Во новиот брак Стојан и Митра родуват три деца, девојчиња Цвета 1920, Кита 1922 и Тодорка 1928. Вторава жена на Стојан умира во 1933 година, Стојан поново останува вдовец со повеќе помешани деца. Откако порастија штавичките деца Блаже и Ристе се вратија на татковината кај Деловци во Штавица. Крста од Марул се омажува за Блаже Бамако во Мојно. Васка се омажува за Павлески Ванчо во Марул. Милан 1934 се оженува за Аргида Перкоска од прилепско Алинци. Во летото за време жетвата Стојановите аргати жнијат во Орлето, седумнаестгодишната девојка Кита се разболува на работа, ја пуштија нејзините да си оди дома, да одмара. Само што дошла до местото Нови Лозја, паднала на патот и умрела. Идејќи стрико е Јован ја нашол умрена, им соопштил на татко е Стојан и другите аргати, си ја зеле в раце, умрена дома ја однеле, тоа било летото во 1939 година. Цвета се мажи во 1941 година за Ширкоски Блаже во с. Мало Рувци. Тодорка се омаже во 1953 година за Борис Ристески во с. Путурус. Родитело Стојан почина на 18 јануари 1955 година на Водици во Марул.

Трите природени деца Цвета, Кита, Тодорка по мајката Митра се крвна рода со Блаже, Крста и Ристе. Додека по таткото Стојан се крвна рода со Васко и Милан.

Дворот Ванчов Павлески весело исполнет од народ. Еден млад висок ерген со фотоапарат обесен на гради со премала глава, подолг нос води тешко за рамо оро. На орото нафатени, наредени повеќе од 15 ораџии, сите млади, орото се треси од нивниот тупот и вика по ороводецот, терај напре Диме, терај Тарзане, без тебе Прилеп е онемен. Диме Тарзано окуражен од повикот, бодрењето од неговите другари уште посилно треси на орото. Само што дојде Диме напреџијата до групата сеирџиите се заинтересира за ороводецот кој е тој Диме Тарзано. Павлески Трајан зеде збор и почна да објаснува. Диме ороводецов кој игра напред со фотоапаратот мене ми е внук од прва брачеда од стрико ми Тасе, брат на татко ми Јован, исто му е и на Ванчо, затова е овде на ова веселба.

Тасе Павлески, брат на Јован, Стојан и Петре, роден од мајка Маркоска од Ношпал, отишол на печалба во Америка и рекол, јас Тасе повеќе не се враќам во Марул да носам брашно со магаре, фамилија да хранам, така направи жената му стрина Тасевица, беше од Талимџиовци од с. Шелеверци, ја остави овдека со четири женски деца и едно машко Диме. Економски со пари ја поддржуваше.

Таа парите кои ги добиваше, ги чуваше и со времето купи куќа и место, во Прилеп и се исели. Тасе чичко ми се пресели во Америка, оснива нова фамилија и таму умре. Една од неговите ќерки се омажи за механичарот Дроња. Павлески Ванчов Павле работеше заедно со Диме Тарзано во Тутунскиот комбинат. Диме Тарзано идеше често кај Павлевци, марулски потомок. Тебе Димитрија Диме кој го води орото по баба ти Стојчејца Мара, ти  е трет брачед поради мајка е на Стојчејца е Павлеска, му се обрати Трајан Павлески на Димитрија Јоноски.

Продолжува    

Loading