Од измеќари во општеството не може друго да очекуваш освен се’ да распродадат.
*
Во процес влетуваат и оние кои немаат врска за што станува збор.
*
Последниот дудук сака да биде угледен.
*
Не си човек ако главата ја нурнуваш во песок како ној.
*
“Страв од летање” – страв од мислење.
*
Живеат во удобна сегашност, а на другите им ветуваат блескава иднина.
Д-р Хаџи-Васков
![]()

