Се изгради, се гради, ќе се гради

Локалните власти со градоначалникот Дејан Проданоски ги објавија сите проекти во десетмесечниот мандат. Целосно е обновена водоводната мрежа на дел од ул. “Кузман Јосифоски” со околу 6 милиони денари. До крајот на годинава, се очекува завршување на крупниот зафат, кружниот тек на мостот Табана во вредност од 141 милион денари. Проектот вклучува и уредување на речното корито. Општината учествува со 15 милиони денари.

Се реконструираат улици, тротоари и водоводна мрежа, се уредуваат јавни површини, спортски и детски игралишта и инфраструктура во индустриските зони. Целосно е реконструиран тротоарот на “Кеј 1-ви Мај” до железничкиот мост. Поставени се бекатон-плочки, ново улично осветлување и урбана опрема за околу 7 милиони денар. ОУ “Рампо Левката” доби современо баскет-игралиште и осветлување за 1,3 милиони денари од Општината. Комплетно е реконструирана фасадата со нова термоизолација за подобра енергетска ефикасност за 5,3 милиони денари. Реконструирано е спортското катче со игралишта за фудбал, кошарка и одбојка во Точила. Поставени се нови фитнес реквизити. Изградено е ново детско игралиште кај стадионот со вештачка трева кај типската населба. Поставени се гумена спортска подлога, песок за играње, лулашки, лизгалки, клупи, осветлување и зелени површини за околу 4 милиони денари. Наскоро ќе се изгради уште едно ново детско игралиште зад Участакот во центарот. Уреден е дел од плоштадот кај хотелот Скопје на 2.100 м2, со нова урбана опрема, зеленило, корпи за отпадоци и декоративни елементи за 16 милиони данари. По 70 години, сменета е водоводната мрежа  во центарот, околу музичкото училиште, Карабдалица за 10 милиони денари. Инфраструктурно е реконструирана и уредена индустриската зона Металец со асфалтна патна мрежа од 973 метри, тротоари и ново улично осветлување. Изградена е нова сервисна улица од 400 метри со тротоари, фекална и атмосферска канализација, водовод и современо улично осветлување  спроти Жито Прилеп. На ул. “11 Октомври” се реконструира, осветлувањето тротоарите и велосипедските патеки во должина од 520 метри. Паралелно се поставуваат и технички средства за забавување на сообраќајот на повеќе од 20 локации низ општина Прилеп.

Се градат водоводните мрежи за селата Селце и Лениште за 24 милиони денари. Во тек е градбата на дел од ул. “Победа”, со мост, од крстосницата со улицата “Александар Македонски” до крстосницата со улицата “Павел Шатев”. Проектот чини  повеќе од 100 милиони денари.          Наскоро ќе старува комплетна реконструкција на ул. “Трајко Николоски” за 67 милиони денари. Ќе се реконструира и ул. “Орде Чопела”, влезот на Прилеп од Македонски Брод, за 120 милиони денари. Ќе се постават полуподземни контејнери на 21 локација низ градот за 18 милиони денари.

Дополнително се обезбедени 168 милиони денари за подобрување на локалната патна инфраструктура следните три години, од кои 60 милиони денари се предвидени само за оваа година.

Преку Владата последниве две години се реализираат проекти од над 12 милиони евра.

Струја од сонце за пречистителната станица

На пречистителната станица на ЈП Вододвод и канализација инсталирана е фотонапонска електроцентрала со капацитет од 540 КВ за околу десет милиони денари. Создадени се услови за драстично намалување на трошоците за електрична енергија.

Loading