Првите христијански денови се роденден

Легенди за манастирот Трескавец, Успение на Пресвета Богородица

Манастирот Трескавец или Успение на Пресвета Богородица е знаменита светост во вековите. Потоа е и значајните тврдината на Марко Крале, покрај  манастирот Св. Архангел и селото Варош, полно со стари цркви. Се вбројува меѓу најстарите. Тоа го покажува архитектурата на црквата, која од страните има отвори, нешто што отсуствува во поновите христијански храмови. Архитектурата го негира мислењето дека манастирот бил правен за време на царот Душан. Трескавец датира од првите христијански времиња. Преданието на месното население гласи дека црквата е правена пред сите светогорски манастири. Тоа е сведоштво за светоста.

Патеписецот, Атанас Шопов, запишал повеќе преданија, како што вели, без измени. Историчарите нека го изберат корисното од суровиот материјал.

Пред многу векови во манастирот се подвизувале обично околу 300 монаси. Една царска ќерка со име Каламарија, од родители христијани тргнала за Св. Гора да пости и да се причести. Светогорските калуѓери не í дозволиле да влезе, откако ја убедиле дека во Света Гора не стапнува женско суштество. Оттаму Каламарија тргнала за Прилеп и застанала во селото Дабница, во подножјето на Трескавец. Побарала од игуменот да пости и да се причести. Тој не дозволил жена нехристијанка да живее, да пости и да се причестува. Откако три пати ја повторила молбата, царицата се јадосала и заповедала да го нападнат и разурнат манастирот, а монасите да ги погубат заедно со останатите луѓе. Заповедта била исполнета. Од целото здание останала неповредена само црквата и јужниот дел од келиите. Тогаш, манастирот бил заобиколен со тврдини, од која се гледаат остатоците и денес. Од мршите и крвта на истепаните луѓе се создало некакво чудно животно, ламја која го јадела секој кој одел во манастирот. Затоа манастирот 200 години бил пуст. Еден ден станала ужасна бура со силни грмежи. Ровја паднала на црквата. Овчарот бил сведок. Неколку дена потоа се почувствувала грозна смрдеа околу манастирот. Се забележале овчарски кучиња да излегуваат од манастирот со окрвавени муцки. Некои посмели овчари влегле во црквата и во олтарот го виделе чудното животно мртво и легнато на земјата. Грмотевицата го удрила и во истото време се образувала и една пукнатина на северните олтарни ѕидови на црквата. Пукнатината стоела многу години. Оттогаш, манастирот го носи името Трескавец, а дотогаш се викал Златоврвски манастир. Преданието кажува дека на блискиот највисок вр било поставено златно јаболко, од каде дошло името Златоврв. Јаболкото толку светело што зраците стигнувале до Солунското море, кое исто така се гледало од врвот. Златното јаболко паднало од Златоврв од грмотевицата и го убила чудното животно. По години, видно прилепско семејство донесло од Виена жолто метално јаболко кое го поставиле на Златоврв, каде стоело пред многу векови. Но еден силен ветер го кренал металното јаболко и го донесол во манастирскиот двор. Тоа е чудо за суеверното население. Овчарите кои го виделе убиеното чудовиште раскажале. За скоро манастирот се обновил. Чудовиштето го изнесле од црквата и неколку дена луѓето оделе да го гледаат. Монашкото братство не се основало, а манастирот и имотот биле управувани од игумени, поставани од владиците. Старите манастирски згради стоеле до 1862 година. Потоа манастирот се збогатил и кренал нови згради со стотина одаи што им припаѓале на разните еснафи од Прилеп. Во 1966 година дошле тројца свештеници. Населението ги викало пирустијата, оти биле неразделни. Преку ноќта, во нивно присуство, манастирот се запалил и изгорел. Останала само црквата заедно со јужниот стар дел на келиите, останати од она време.

Градското и селското население покажувало почит на Трескавец. По пожарот, христијаните и еснафите како пчели го дарувале. За три години успеале зградите повторно да ги изградат. Така Трескавец станал многу богат. Поседувал огромни недвижни имоти, чифлици, цели села, многу воденици, дури и чаршии во Цариград, Солун, Битола и Прилеп. Сите имоти, биле запишани на зајачка кожа, запечатена со царски печати. Трескавечкиот манастир имал хрисовул на пергамент. Попожарот игуменот го пратил во Белград. За него добил 150 минца и една камбана. Се сочувал препис од тој хрисовул,ама бе е веше во манастирот. Селаните раскажуваат дека имало полна одаја со пергаментни книги, кои биле изгорени по заповед на битолскиот владика Герасим. Тој бил многу лош човек. Еден ден отепал со зенгијата еден сејменин кој не знаел да му го држи како што требало седлото кога јавал. Отишол на манастирскиот панаѓур и заповедал да се соберат сите стари книги. Слегол во магерето и му наредил на готвачот да ја наполни фурната со книгите и да испече леб. Готвачот кажувал дека три дена, додека траеше панаѓурот, ја палел фурната и готварницата со книгите.

Се раскажува дека во Тресквец се наоѓа Марковиот Чебур, со кој тој обично се служел и кој собирал 77 оки вино. Мештаните кажуваат дека чашата од Марко Крале се чувала во манастирот, но веќе ја нема. Луѓето што ја гледале објаснуваа дека била голема сребрена чаша, зачувана од стари времиња.

Црквата во манастирот има пет кубиња. Секое претставува посебно одделение. Четирите одделенија се од страните. Покажуваат дека храмот е правен порано од Душановото или Урошовото време. Југозападното одделение е целосно заѕидано. Оставен му е само еден прозозрец. Според преданието, во тоа одделение се венчал некој цар. Таков бил обичајот во старо време. Се заѕидувале влезовите, каде се венчавале царевите. Тоа се чинело да не стапне таму друг простосмртен човек.

Записи на Атанас Шопов

Loading