Прилеп со два клуба во елитата!

Шах

Државното екипно првенство на Македонија се одржува во Струга, а таму клубот Прилеп има претставници и во машка и во женска конкуренција. Машката екипа до заклучувањето на бројов од весников прво загуби од фаворитот скоски Гамбит (6:0), потоа од скопски Алкалоид (2:4) каде победи Дејан Ѓорѓиески, а реми извадоа ИМ Андреј Љепиќ и ВМ Мирослав Миљковиќ. следеше поразот од Фљамуртари (3,5:2,5), по победата на Кире Николоски, а три реми од ВМ Мирослав Миљковиќ, Дејан Ѓорѓиески и Горан Готовуша. Нерешено (3:3) беше со Гостивар, откако сите шестмина извадоа реми – ИМ Андреј Љепиќ, ВМ Синиша Дражиќ, ИМ Тони Кироски, Дејан Ѓорѓиески, Горан Готовуша и Кире Николоски. Следеше меч со Нов напредок, па против Анпасан, а првенството трае до 29 август.

Женскиот тим Прилеп е мошне успешен, со триумфот врз Гамбит (3,5:0,5), пораз од Центар (0,5:3,5), победа врз Цареви Кули (4:0), а наредни противници во распоредот беа запишани Капабланка, Неготино и Алкалоид.

Loading