Ракомет
Пред финалето на Единаесеттиот турнир “Миле Нешкоски” тренерот на РК Прилеп, Наум Танески кога го виде тука присутен и 87-годишниот новинар Миле Талески, рече: Вечерва ќе одиграме и за него, ќе го освоиме пехарот! И тоа се случи. Прилеп одигра како да е најважниот меч во сезоната, со убедклив триумф од 36:29 го совлада кавадаречки Тиквеш. Громогласните аплаузи од публиката заслужено ги доби клубот и за првото место (бидејќи претходно ги совлада и скопски Мулти есенс и Младост Богданци). Браво и за организацијата, предводена од Никола Чадамов, претседателот и Рубин Седлоски, секретарот. Честитки заслужија Благојче Трајкоски, најдобриот голман, Димитар Димитриоски, најдобриот играч.
Миле Талески, Новинарот прими благодарница од РК Прилеп за развојот и афирмацијата на прилепскиот ракомет, каква што прими и Драган Василески – Дади, спортскиот работник, додека плакета за животно дело доби Димитар Богдан, некогашниот клупски и репрезентативен голман.
![]()

