ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (350) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Законџии на Коле

1.Нунчеви Новачевци – Димитријовци од Марул

2.Старосват Василоски Милан Борачо, брат на свекрвата Васка од Марул

3. Голем девер Кајџано Диме од Прилеп, другар на Коле

4. Мало деверче Љубе, прв брачед на Коле од тетка му Тодорка од с. Путурус

5. Свирачи оркестар од Прилеп, прекар заборавено

6. Куварка Трајкоска Менка Чонеска од Марул

Веселбата започна, народот развеселен, домаќинлакот на место, за сите исто, подеднакво. Не е само веселбата на сведбата, тука има нешто повеќе да се научи, дознае. Една група од повозрасните марулци како Танески Трајан, Крсте, Дамјаноски Ристе, Велјаноски Ванѓел, Јованоски Димитрија, Колески Веле и Ќире, Бошески Коле, Мурџески Јованче, Павлески Трајан, Бабјак Ванѓел и др. ги пратат доваѓањето на надворешните гости – свадбари кои доваѓат и ја разјаснуват родбинската врска меѓу нив и домаќините Павлевци. Доваѓа Блаже Бамако фамилијарно, марулци од групата рекоа Блажејца Крста, сверквата Васка се присестри. Доваѓа андончината од Мојно, дискутантите рекоа тие се Гулески, мајка е на свекрвата Васка, Благуна е од нивната куќа. За лопатичките гости – свадбари рекоја Ќирбиноска Мицејца – Стојна е Павлеска прва брачеда на Ванчо од стрико му Стојан. Овие се нејзини потомства.

За Кеноските гости – свадбари од Подмол рекоа Ристејца Кеноска Анѓа му била сестра на Анѓеле Павлески, дедо му на Ванчо, гостиве се нејзино потомство. За родот со Бешлаковци е позната мајка му на Павлески Ванчо, Темјана му е сестра на Трајче Бешлак од с. Подмол, тие се ближно прва рода.

На собраните марулски раскажувачи само што ги видоја гостите –  свадбари од Мајсторовци рекоа да некоја си баба Павлеска, сестра на Трајче, прабаба на Ванчо била омажена кај Мајсторовци која имала син Крсте, отишол домазет за Јана Пеоска во Бонче, имале две деца, Велјан и Ристе, гостиве свадбарите се нивно потомство.

Раскажувачите за гостите – свадбари од Шелеверци, од Бонче, рекоа да Павлески Трајче имал ќерка, име не спомна, омажена кај Шеровци во с. Бонче, баба на Ванчо, таа имала две деца, Тале и мара. Тале Шеро познат пчелар кој имал над 200 кошарки. Гостите Шероски се негови потомства. Талевата сестра Мара била омажена за Танески Стојче во Марул, починала во Марул во 1924 година, имала големо потомство. Само што дојдоја гостите – свадбари од с. Ношпал, Маркоски Трајан Павлески, прв брачед од стрико на Ванчо раскажа Марковци од Ношпал се рода по тоа да Анѓеле Павлески, татко на Јован, дедо на Трајан бил женет за Менка Маркоска од с. Ношпал како невеста била прва венчана во марулската црква после осветувањето на црквата Мала Богородица во 1859 година.

Павлеска Анѓелејца Менка отишла како млада невеста кај Дојчиноска Тошејца, сега Јолевци и побарала една лозова прачка, добила, ја насадила од јужната страна на црквата, од сортата бела пупулига, се фатила, ене ја денес дава род, грозје и е распространета на повеќе сливови стебла како змија питон.

На црквената свечаност при осветувањето на црквата, Јанкоски Ристев Ѓорче и Колески Грујов Боше се крстени во иста вода и се поштуват како побратими светијовани.

Павлески Анѓеле и неговата жена, ношпалка Менка одгледале четири деца, Стојан, Јован, Тасе и Петре валачката, гајдаџијата, татко му на свекоро Ванчо. Петре умре во 1951 година додека Јован умре во 1953 година. Идеа на бостан кај дедо Ристе за муабет. При осветувањето на црквата Св. Богородица во марул за свештеник дошол младиот поп Попоски Димитрија ( 1840 – 1920) од с. Лопатица, прилепско. Марулската црква била под негова надлежност, до неговата умирачка во 1920 година.

Димитрија свештеников бил потомок на Поповци од с. Лисиче, Мариово кое настрадало во Мариовската буна во 1564/65 година кое било изгорено од Турцита како и повеќе мариовски села. Димитриевите предци се преселиле и засолнале во с. Лопатица, прилепско. Димитрија како попска традиција се вманаштил и школувал во манастирот Св. Димитрија во Чебрен кај Црна Река во Мариово. Неговото покојно тело е погребано зад олтаро на источната страна на црквата Св. Никола во с. Лопатица, прилепско.

Раскажал Александар Попоски, потомок на попо Димитрија Попоски, втор брачед на татко ми Ванѓел од две први брачеди, неговата мајка Здравка и нашата баба Трајана од два браќа Петре и Николе Степаноски од с. Лопатица, прилепско. За настан од таа година 1859 погребот на првото умрено лице после осветувањето на црквата.

При крајот на годината 1859 или во почетокот на 1860 година, почина 90 годишниот дедо роден некаде во 1770 година, женет за Џингоска Петра, денес Јаковчевци од с. Чумово. Гулаб и Петра имаа две машки деца, Божин и Младен. Божин роден во 1795, додека Младен роден во 1795 година. Божин е оженет за Самарџиоска Велика од Кадено Село. Божин и Велика во бракот има две деца, Ристе и Трајче. Ристе нашиот прапрапрадедо. Оженет за Шијакоска Божна,во бракот има пет деца, Николе, Благуна, Митра, Петра, Струма. Ние сме потомци на Петра (Велјановци).

Брато на Ристе, Трајче е оженет со непознато нејзино име и родно место. Трајче и неговата жена има три деца, Невена, Новаче и Стеван.

Второто Гулабово дете, Младен кога порастил отишол за домазет кај Џамовци во с. Прилепец, засега непознато нејзиното име. Младен и неговата жена, домазетицата имаа три деца, Димитрија, Саботко и Трајко. Од Димитрија нема потомство, од Саботко се Саботковци со с. Прилепец. Од Трајко потомци се Анасто Дојчиноски во с. Бонче.

Стрико му на Анасто, Младен втори оди комита во четата на Дедо Ило Малешевски кој во нерамна борба со турскиот аскер блузу градот Кавала во Егејска Македонија во 1879 година, е убиен.

Раскажал правнуко на Гулаб, Гулабоски Ристев Николе 1832 – 192 година наречен Моско.

Јошески Николов Петре Галабаро, 1903 – 1974 го памети дедо Николе, имал руса брада и бабка под гушата. Јас Томе сум му осми потомок на Гулаб, Божин, Ристе, Петра, Велјан, Ристе, Ванѓел, Томе. 

Продолжува    

Loading