Манифестација „Љубење со стихови”

На трети септември, в четврток од 20 часот на платото пред градскиот саат  ќе се одржи осмото издание на поетскиот перформанс „Љубење со стихови” на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска.

Прилепската публика, и овојпат ќе има можност од грлата на нашите сограѓани  да ги  чујат нивните авторски стихови, но и избор поезија од македонски поети од повеќе генерации. За музичката поддршка ќе биде задолжен музичарот проф. Иле Иваноски.

Настанот го организира Здружението за образование, култура и уметност ЗОКУМ.

Loading