Концерт на класична музика “Гласилки”

На трети септември од 19 ч. во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков” ќе се одржи концерт на класична музика „Гласилки” на кој на виолина ќе се претстават Софија Никоска Маџароска и Елена Ѓоргиевска.  На програмата се дела од Бах, Марјан Јанкоски, Глиер, Хендл, Халворсен…

Виолинистката Софија Никоска Маџароска е добитник на бројни награди и се занимава со педагошката дејност како професор на УГД – Музичка Академија во Штип.

Елена Ѓоргиевска магистерските студии по виолина ги завршува во Штип во класата на проф. м-р Софија Никоска Маџароска. Член е на музичкиот состав „Портал”. Работи како наставник по музика во Велес.

Loading