Клубот е ГФК Победа

Најново

Конечно нешто ново, официјално во врска со Победа. Така може да се толкува информаијата дека е формиран клуб со името ГФК Победа, со прв човек Робертино Илиоски.

– Името е ГФК Победа, нема други додавки, а Стручниот штаб го предводи тренерот Филип Мирчески – известува претседателот Илиоски. 

Според она што го слушнавме, нема делење на поединечни функции, туку сите заедно да се заложат за клубот со светото име Победа. За да се дознаат сите детали се најавуваше и прес-конференција. Тоа значи дека клубот се отвора кон јавноста, со претставување на Управниот одбор и Стручниот штаб, играчкиот кадар и сл. А според се она што досега можеше да се слушне, Општината стои зад клубот, исто така и силни компании. За вчера беше најавен и првиот собир – прозивката, почетокот за запознавање и меѓусебното посакување успех за следнава сезона.

Сигурно и натаму ќе има новости на секој план – финансиски, организациски, стручен, секако и играчки, за се да биде комплет во пресрет на првенството коешто стартува во септември.

Loading