Лекарите велат: “Млад си, колку што се млади крвните садови”. Да се одржат незатнати крвните садови или стеснети, еве рецепт. Се зоврива е 1,2 литар вода. Се трга од огнот и се остава да се излади. Се чистат 40 чешниња домашен лук и се мијат 3 лимони. Лукот се ситни низ преса, а лимонот се сечка на коцки заедно со кората. Семките се вадат. Лукот и лимонот се додаваат во водата, па повторно се остава да се загрее до пред зовривање. Се трга се остава поклопено да преноќи. Наутро се процедува, а течноста се складира во стаклено шише. Се добива точно еден литар. Се пие наутро по една ракиена чаша. После десет дена се прави пауза.
Овој пијалок ги чисти крвните садови и го намалува холестеролот и триглицеридите. Докторите не веруваат како се намалиле маснотиите.
Вистински еликсир за крвните садови, кој е добар и за подмладување, се прави со природни намирници. Потребни се 1 кг. лимон, 300 гр. лук исчистен и 1,5 литар вода. Водата се става на оган да зоврие, па се намалува температурата на умерено. Се додаваат сомелени лукот и лимоните со кора и на тивок оган се вари 15 минути. Потоа се трга на страна да излади. Се складира во стаклена тегла и се чува во фрижидер. Се конзумира по 25 мл. наутро, 25 мл. навечер 25 дена. Се прави пауза од 10 дена, па се повторува.
Ако не се конзумира лук, има уште еден многу ефикасен природен лек. Потребни се лимон, магдонос и вода, во однос: 1 лимон, 1/2 китка магдонос, 250 мл вода. Се мие магдоносот, а потоа се сечка на ситно. Лимонот се сечка на парчиња со кората. На оган се става водата да зоврие, па се додаваат сечканиот магдонос и лимонот. Се намалува температурата на најтивко и се остава да се вари уште 3-5 минути. Тенџерето се остава со капак да стои уште 2-3 часа, додека се излади. Се цеди смесата, а лимоните и магдоносот се блендираат, па се враќаат во течноста. Течност се цеди низ газа со стискање. Се чува во фрижидер и се дозира по една ракиена чаша секое утро.
![]()

