Остарела некоја жена, па децата една вечер ја однеле во старечки дом, за подобро да се грижат за неа.
Утрото, две сестри ја станале старата, ја избањале, ја облекле, ја најале и ја седнале на столица на терасата со поглед на прекрасна цветна градина.
Поминало некое време, старицата почнала да се наведнува на едната страна.
Го забележале тоа сестрите, притрчале и одма ја исправиле.
Поминале уште пет минути, ете ја пак старата пак се наведнува сега на другата страна. Пак притрчале сестрите и ја исправиле. Така си правеле некое време додека не дошле децата на жената.
Ја прашуваат тие:
– Како си мамо, се грижат ли за тебе добро, ти се бендисува ли?
– Абе добро е сé, супер е, само од сабајле не ме оставаат да прднам!
![]()

