Во срцето на Македонија, по должината на реката Бабуна и во падините под планината Јакупица, располсан е регионот Азот. Предел кој има недопрена природа, чист воздух, живописни села, иако поголемиот дел се ненаселени, погоден е за развој на селски и планинарски туризам, бидејќи во близина на планинските врвови се наоѓаат планинарските домови Папрадиште и Чемплес.

Најголемото место е Богомила, околу која гравитираат повеќе други села, како Нежилово, Ореше, Согле, Теово, Оморани… Од Прилеп е оддалечен околу еден час преку Костинци, Црнилиште, Стровија, по релативно добро одржан пат без многу сообраќај. Се минува крај убава и густа шума и чиста еколошка средина. Можене одмор по патот да се наполната градите со чист воздух.

Убаво е да се посети домот Папрадиште на 1060 метри, оддалечен од Богомила десетина километри. И до таму се стигнува со кола. Следен е домот Чеплес на 1435 метри. Тами може и да преспие. За меркалиите на пешачењето, блиску се изворите и водопадите на реката Бабуна или врвот на Солунска Глава, висок 2540 метри. ПДел од престојот во Азот може да мине и со откривање на мистериите на црквата Св. Петар и Павле, што е дело на Андреја Дамјанов со фрески и икони и други папрадишки зографи.

Бабуна тече низ целиот предел, низ клисури и зелени долини, создавајќи прекрасни пејзажи. Богомила е централно место, познато по стариот Римски мост, автентичната архитектура и спомен куќата на Петар Поп Арсов, еден од основачите на ВМРО.
Чистиот предел, без индустрија, придонесе за изградба на капацитети за сместување, особено за рибници со ресторани. Нежилово е преполно во летните месеци. Метеж е и во Оморани, каде може да се вкуси пастрмки, крап и друг вид на риби, уживајќи во прекрасните амбиенти и зелените предели со цвркутот на птиците и жуборот на чистата вода.
Текст и фото; Каролина Мицевска
![]()

