Џудо
Малку се позитивни спортски настани. Затоа, со голема радост е дочекано доаѓањето на Дани Георге, 66-годишниот тренер за џудо. Романец е. Доаѓа од Австрија во Македонија, па и во Прилеп, оти е еден од главните џудо-центри во државава. Претседателот на Џудо федерацијата на Македонија е прилепчанецот, Владимир Трпаноски.
– Светската џудо-федерација испрати експерт, кој ќе биде со нас до Олимписките игри 2028 година во Лос Анѓелес. Поддршка е во тренажниот процес, во подготовката на натпреварувачите. Тој е врвен стручњак. Го минал цел свет. Еден од најдобрите стручњаци на светска федерација. Бил селектор на Оман, Египет, Индија, Саудиска Арабија… Додека е во Македонија, дел од времето ќе го минува во Скопје, дел во Прилеп. Пред некој ден беше со нас, а по 15 септември продолжува тука – информира претседателот Трпаноски.
Надежите за настап на олимпијада продолжуваат.
![]()

