Фељтон: Томе Велјановски
Водата спаднала, се покажале суви исцедени места. Ноја го укотвил коработ, излегле од него на сонце и на сува земја затворени шест недели во коработ. Откако се вратиле од надвор во коработ, Ноја ги собрал, повикал сите животни за да слушнат каков подарок ќе бара змијата која го спаси коработ од негово потонување. Змијата рекла да нејзината замисла е тоа што сака да цица најквалитетна крв од овие животни што се присутни овде, но прво да ги пуштиме комарецот да ја проба крвта од сите овде и од неговата фамилија. Комарецот летнал и почнал да цица крв од сите во коработ.
Комарецот откако ја завршил работата со пробата на крвта, само ја отворил устата да проговори, а по негова замисла да речи да од човековата крв нема подобра, е најквалитетна, летнала ластовичката, му го откинала јазикот, останал нем, недокажано. Скокнала змијата по ластовицата, ја фатила за опашката и ја искубала. Затова опашката на ластовицата стои разделено.
Змијата и се заканила на ластовицата, тебе и глушецот живи ќе ве голтам каде да ве најдам. Глушецот дека го дупна коработ. Тебе ќе те голтам дека му го прекина јазикот на комарецот, не кажа чија крв е најслатка. Ластовицата и рекла, дома на главата на човекот ќе направам седелка, ти не можиш ништо лошо да ми направиш. Човекот тебе не те сака, каде те навоѓа со камен ти ја толчи главата, на капина или шипје те фрла за да се распаѓаш поради ги излага Адам и Ева да каснат од јаболкото од тоа тие вечно оголеа.
Раскажале повеќемина марулци од постарата генерација, вмешани бонечки, подмолски од постарата генерација.
Дојде и денот Ѓурѓовден, религиозен ден, многу фамилии одат в црква со примесени работи поготово кои имат пресни гробови. Празникот Ѓурѓовден е поштуван кај Муслиманите према верувањето Св. Ѓорѓија ја гони ламјата – аждано која го ништи земјоделскиот имот во полето, а додека Ромите го слават Ѓурѓовден, после него нема зима.
По доваѓање од црква, дома има припремано специјално јадење. Влезните врати се заобиколени со двоглавна копина со трева наречена млечка и бос од зелена трева да прагот на надворешната врата сето тоа се прави во одбрана од преземање на млекото и од разни маѓеснички работи. На денот Ѓурѓовден со самото станување се зема нагладно се каснува од разбивање на две птици кукавицата и утката, се замислени како несреќни птици.
После црквата и доручекот слободните луѓе излегоја кај местото Крлешката, место каде се мешат Капинешко бачилешката река со Ореовска – горничката река. На јасиките има префрлено, врзано ортома за крлање. Средбите таму траат до зајдисонце. Весело место. Свирачите Симон и Спасе цело време го веселат народот со ора и песни. При крлањето било девојче или ергенче, му се пее песна за некоја или некого повеќе како хумористични, за смеа. Во околните села, подалечни се прави селска слава во манастирот Св. Ѓорѓија во с. Селце, Шелеверци, Вешерејца, Ивањевци и во с. Паралово. Наредниот ден на Ѓурѓелија беше весело со музиката од Здравески Симон и Танески Спасе и со крлање кај крлешката. Црквата беше отворена за верниците.
До денот Ѓурѓовден се дозна кој ќе бидат летни овчари за до Митровден.
1. Атанасоки Ристев Благоја Танески
2. Атанасоски Стојчев Недан Танески
3. Велјаноски Ристев Благоја
4. Дамјаноски Дамјанов Никола
5. Ѓорѓијоски Дончов Ванчо Јанксоки
6. Јовчески Ванѓелов Томе Велјаноски
7. Митрески Јованчев Коста Мурџески
8. Мојсоски Мојсов Веле Колески
9. Павлески Трајанов Јованче Јоноски
10 .Петрески Јованов Петре Мурџески
11. Петрески Велјанов Ванѓел Бабјак
12. Петрески Велјанов Петре Бабјак
13. Рисетски Велјанов Ордан Танески
14. Ристески Стојанов Блаже Танески
15. Ристески Ладев Атанас Јанкоски
16. Ризоски Боризов Драган Бошески
Овчари ортаци за во бачилата
1. Дамјаноски Никола со Танески Блаже
2. Бабјак Ванѓел со Мурџески Коста
3. Бабјак Петре со Бошески Драган
4. Јанкоски Атанас со Велјаноски Томе, примешан и Танески Ордан до крајот на бачилото
5. Колески Веел со Мурџески Петре (малиот)
6. Павлески Јованче со Јанксоки Ванчо
Ортаци овачари до Митровден
1. Бабјак Ванѓел со Мурџески Коста
2. Јанкоски Атанас со Велјансоки Томе (Јовчески)
3. Павлески Јованче со Јанкоски Ванчо
Самостојни овчари за бачило
1. Велјаноски Благоја
2. Танески Благоја
3. Танески Недан
Свадбата од Павлески Коле
Три недели после Ѓурѓовден, 23 годишниот Павлески Ванчов Коле се венчаваше со неговата избраница,девојка Блага од с. Ореовец, типично со традиционална селска свадба во марулската црква Мала Богородица.
Во четвртокот вечерта помина каначите, брато на Коле, Аце и нивниот втор брачед, комшијата Колески Цветан со каначка црна волнена торба, внатре има дрвена карта со црвено вино од надворешната страна торбата е наружана со разни бои патлики, имињата на младоженците читливо фигурираат Коле – Блага.
Каначите во торбата носат и јаболка, во куќа каде има умрено човек не се влегува дома, него каначите домаќинот во дворот го покануват со јаболко. Каначите каде влегуват во куќата и ги покануват за веселба – свадба, домаќините во торбата пуштат пара за големата чест за канењето. Откако ќе завршат каначите со канењето, последната куќа е кај помошниот канач, тука се вечера и подарените пари од канењето се делат пополу меѓу каначите.
Денот недела, пролетен сончев ден, гостите поканети свадбари како марулци, исто така и надворешни гости почна да идат во утринското време кај Павлевци меѓу канетите и неканети младеш од околните места, како и повеќе другари младинци на Коле од Прилеп.
Продолжува
![]()

