Љубителите на две тркала, на моторите, утре, 22 август, може да уживаат во традиционалниот Мото Фестивал Рисови 2026 кој ќе се одржи на плоштадот Александрија, кај камената бина во Прилеп.
Пречекот на гостите и отворањето на настанот е предвидено за 15 ч, а музичката програма започнува со настап на ДЏБиџо во 17 часот. Во 18.30 ч е закажано и мото дефиле низ Прилеп, по што програмата продолжува со жива музика. Од 19:30 часот ќе настапат Хоунд Догс од Србија, додека вечерта од 22:30 часот е резервирана за Бело Копче – Бијело Дугме трибјут.
Организаторите најавуваат ден исполнет со мотори, блуз и рок музика и дружење во добра атмосфера во центарот.
![]()

