Победа
Жешко фудбалско лето во Прилеп со многу прашања и никакви одговори за Победа. Така беше до средата (заклучувањето на овој број). Неофицијално се зборува дека ќе има известувања за Победа. Се зборува за формирање нов клуб со името ГФК Победа 2026. Изгледа логично, по многуте муабети. Но, и досегашниот клуб има амбиција да опстане и да учествува во третолигашкиот ранг, Централниот фудбалски регион 4. Во овој ранг, всушност, сакал да биде и новиот клуб, ако има можност. И тоа е можна опција.
Сепак, најточни се официјалните информации за Регионот 4, за датумот за старт, за бројот на екипи, учеснички и кои ќе бидат тие екипи. А за жал, и тие ги нема.
![]()

