Блиску до светскиот шампион, белградска Звезда!

Фудбал: Прилепчанчето Алексеј Тофилоски

За фудбалски гиганти се сметаат клубовите кои станале европски или светски шампиони, како што е белградска Црвена звезда. Токму со овој клуб гигант е поврзан прилепчанцето, 10-годишниот Алексеј Тофилоски. Роден е во 2016 година, а сега е  блиску до трансфер во српскиот клуб. Во средата, отпатува во Белград, оттаму со Црвена звезда во Словенија, на меѓународен турнир.

– Има шанси да биде нивни член, оти скоро година ипол, многупати, оди со Црвена звезда. Тие се многу задоволни сега-засега. Рано е, за разговари. Кога ќе дојде време ќе се соопшт. Сега е многу мал. Уште сам не може да престојува таму – вели Дарко Тофилоски, неговиот татко, познат голман кој редовно го придружува синот при патувањата.

Алексеј е член на фудбалската школа Перак од Прилеп. Стручњаците го забележале  на 8 години.  Бил прогласен за најдобар на некој турнир за играчи од таа генерација. Набргу е воспоставена комуникација со белградскиот клуб. Фотографијата што ја објавуваме е токму во опрема од Црвена звезда.  На пат е да стане голем голман. Не е чудо, бидејќи брат му, 13-годишниот Христијан е голман. И мајка му Весна беше голман, како татко му Дарко кој сега е навозраст од 40 години. Тој беше македонски репрезентативец, со кариера дома и во странство.

-Моментно немам клуб, оти сум посветен на синовите – вели Тофилоски.

Loading