Тогаш на 40, а сега на 15-16 години!

Шах: Звонко Станојоски за титулата велемајстор

Опкружени сме со негативни настани поврзани со прилепскиот спорт, па позитивното е  комуникацијата со Звонко Станојоски, шаховски велемајстор, македонски репрезентативец, повеќекратен поединечен и клупски државен шампион. Тој е еден од најдобрите спортисти во историјата на Прилеп. Роден е 1964 година, има 62 години, а и ден-денеска е активен и успешен.

– У ште играм, не се откажувам, за разлика од некои мои врсници, како Богдановски и Јаќимовиќ. Тие се откажаа, не играат, а се пренасочија кон учење на помладите генерациии. Презедоа тренерска улога во шахот.

Што е со Вашата шаховска школа?

– Постои во рамките на ШК Прилеп, со простории во Старата чаршија. Има неколку категориии, членови, а моите ученици се втората екипа од клубот, именувана како ШК Пелагон. Имаат 16 до 18 години, како Давид Маркушески, Стефан Јакопетревски, Лука Аџимитрески, Иван Синадиноски… А Никола Павлески веќе е дел од скопските Мултиесенс и Алкалоид. За сите важно е што многу го сакаат шахот, па за нив редовно одржувам часови во среда и во петок.

Разликата од Вашето и ова сегашно време?

– Титулата велемајстор ја имам од 2004 година, две години откако станав член на ШК Алкалоид. Тогаш така беше, се стануваше велемајстор на 40 години, во повозрасно доба. Со помош на Интернетот и компјутерите сега велемајстор се станува на 15-16 години до 20 максимум. Многу полесна е трката со времето, подготовките се многу полесни и побрзи во однос на противникот, во однос на учење варијанти… Секој што сака да учи има многу подобри услови и можности. Ние во шахот бевме аматери, одевме на работа и само во слободното време игравме,  а децава сега  уште во млади години се професионализираат.

Неодамна Станојоски стана првиот државен шампион на Македонија за ветерани над 60 години, а следниот предизвик му е в недела во Ропотово, меѓународниот турнир.

Loading