Агиос Николаос
Агиос Николаос е крајбрежен град на островот Крит, источно од главниот град Ираклион. Најгол;ем е во областа Ласити, делумно е изграден на остатоците од античкиот град Лато прос Камара. Околу се кренати мали шармантни места, привлечни за разгледување. Плака е шармантно место од каде тргнуваат туристи за островот Спиналонга, а Крица е традиционално критско уредено село, преку кое се отсликува страта традиција на островот за производство на маслиново масло, на ракотворби и на други традиционални производи.

Агиос Николаос е пристаниште за бројни крузери кои крстосуваат по грчките острови. Привлечно е попладне, кога сонцето полека заоѓа и ссе пртвора во огромна портокалова топка која се гасни и пропаѓа во морската ширина. Од морскиот порт се забележува споменикот Амалтеја. Првиот впечаток е местото не е големо. Дом е на околу 30.000 постојани жители. Но, петпати е поголем лете кога илјадници туристи ќе го окупират околниот брег да уживаат во убавините. Поради климата и раскошниот дар на природата го нарекуваат и Сент Тропе на Крит.

Пријатна е прошетката околу марината со засидрени десетици јахти, глисер и традиционални бротчиња. За неколку минути се стигнува до соленото езеро Вулусмени во центарот. Солта му доаѓа пораи поврзаноста со морето. Според грчката митологија, таму се капела божицата Атина.

Околу се бројните таверни и ресторани. Кога ќе се запалат светилките, изгледа нереално, волшебно. Предизвикува за фотографирање. Посено е инспиративно од црквата крај рибарската пештера. Блиску се уличките во стариот градот. Многу е живо во суверниците, кафетериите и таверните од кои извира мискојна од морски специјалитети на жар. Денски треба д асе посети Археолошкиот музеј со артефакти од керамика, оти навечер е затворен.
Времето брзо минува. Остануваат убавите впечатоци.
Текст и фото: Каролина Мицевска
![]()

