Решавам еден комунален проблем, мој, маалски и секако, градски, уште од времето кога градоначалник беше Марјан Ристески, сé до денес, институционално како што е редот, ама никако не оди. Сметам и сигурен сум дека е многу лесен за решавање и затоа се чудам зошто е така. Некои ми викаат дека е доста, со глава ѕид не се турка, со власт камен не фрлаш и други наши народни метафори. Без да навлегувам во тоа “зошто?”, си велам, ај да пробам пак, белки сега со новата раководна гарнитуре во локалната заедница дошла некоја нова енергија, позитивна, нови погледи, пристап во повеќегодишново дигитално време. со почетокот на вештачката интелегенција, Можеби е добар момент конечно да успеам,
Ама сега решив пристапот да биде поинаков, различен од досегашниот. Бидејќи досега не успеав да дојдам во директен контакт со гратските власти во нивниот дом, реќив за овој, мој, маалски и градски проблем да го поканам нашиот градоначалник на кафе-муабет кај мене дома, вака јавно (ако е потребно и официјално поштенски) да разговараме на оваа тема. Домот ми е на ул.”Цар Самоил” бр.14 или по стара “Иво Рибар – Лола” бр. 7 во Прилеп. Релаксирано,сега е лето, па можиме кафето да го испиеме во дворот. Го и пратеникот Петар Ристески, затоа што е запзнаен со проблемот, затоа што е и (илитреба) да е и негов затоа што се најдува во неговото маало Старо корзо и во повеќе наврати има изјавено дека го дели моето мислење за исправноста на оваа намера. Оттука и неговата желба да помогни. Намерата ми е, покрај кафе-муабетот, да направиме заедно обиколка околу објектот-проблем, да прелистиме некои документи кои ги имам, онака релаксирано да продискутираме зошто е нерешлив, зошто е потребно да се реши, каде застанал и што треба да се направи да тргне. Ако се согласиме дека проблемот е нерешлив, го допиваме кафето со и секој на својата страна. Веројатно сите ќе бидеме задоволни.
Да бидам јасен. Предлогот е сосема до крај демократски, кафе-муабетот може да го направиме било каде, на нивни предлог,само што тогаш сметката ќе биди на нивни трошок.
Накратко,за читаателите на Зенит, за проблемот. До мојата куќа, на КП 18664/2 има објект кој е во опшинска сопственост (затоа е премногу лесен). Тој е руина, грдосија која со зборови тешко може да се опиши (затоа го прави уште полесен). Лоша грдосија од сите аспекти, градба, хигиена, безбедност, екологија… Да биди појасно, состојба еве како би ја опишал. Имам намера моите гости да ги поканам заедно да ја разгледаме, надворешно и внатрешно, само им препорачувам на гостите, кафето да го испиеме пред да влеземе внатре. Никако после! Од здравствени причини, како се вели, за тоа треба да имаш здрав стомак,,
Ги канами читателите на Зенит, по желба, нека повелат на обиколка. Уште нешто, како илустрација или поткрепа за исправноста на мојата долгогодишна желба за уривање. Грдосијата е фактот, што ќе беше ако овој проблем се решеше од почетокот на ова барање. Сигурно сега ќе имаше паркче, зеленило, повеќегодишни дрвца, клупи… во режија и изведба на најблиските жители во маалото. И уште нешто, многу важно. Одма до него се најдува дневниот центар за деца со церебрална парализа. За нив, паркче или хорор? Коментар!? Нема потреба.
Му благодарам на Зенит зао двоениот простор и разбирање (не е прв пат)
Се надевам дека ќе нема потреба да се јавувам по четири години, кај некоја нова општинска гарнитура за истиот проблем. Сега сум пензионер, а за четири години?
Ја користам можноста да ги поканам читателите на Зенит да бидат поактивни, да го користат просторот што им го овозможува редакцијата за да ги изнесат, маалските и градските проблеми во надлежност на локалната самоуправа, за го направиме градот попријатен простор за живеење.
Поздрав до читателите на Зенит М.Наумоски-пензионер
![]()

