Поезијата на Звонко Димоски во Велестово

Нашиот поет, театарски критичар, културен менаџер, преведувач, уредник, едукатор и креативен продуцент Звонко Димоски ќе учестува на  манифестацијата Поетска ноќ во Велестово, Охридско, што ќе се одржи од 21 до 23 август. Интернационалната манифестација спојува дваесетина поети, музичари и уметници од седум земји. Димоски ќе учествува со песни од неговата репортажна андалузиска поезија (Еџ Нихило, Полица, 2026), која веќе е претставена во Прилеп, Скопје, Струмица, како и на Струшките вечери на поезијата. Ќе се презентираат неколку песни од следната поетска книга.

Велестово доаѓа по плодните и успешни учества на Светскиот преведувачки конгрес во Краков, Светскиот Шекспиров конгрес и Шекспир Фринџ Фестивал во Верона, Италија.

Димоски е дел од МТФ “Војдан Чернодрински”, соработува со бројни театарски, литературни и уметнички фестивали во Македонија и регионот, како и со други културни платформи и иницијативи посветени на интердисциплинарна уметничка практика. Од 2003 до 2018 година бил предавач на Институтот за словенски и балкански студии при Универзитет во Познањ, Полска, каде што предавал македонски јазик, литература, култура и родови студии. Автор е на книгите Современи театарски огледи, 1 и Еџ нихило, репортажна поезија за Андалузија.

Loading