ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (348) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Месецот Баба Марта е изминат, но ние ќе се повратиме нешто да дополниме за нејзиното владеачко време. На 7 март 2026 година, во рубриката Пулс во Зенит, внесено за мартинките со бела и црвена боја на конци осучени му се ставаат на раката на децата и му се сошиват на носијата за од урочување (почудување). Кога ќе дојди прво видена ластовица, мартинката се вади од раката и се фрла по ластовицата со изговор, ластовичке еве ти мартинка, дај ми ти кошула.

Во селата, месецот Баба Марта е пречекан со повеќе обележја, обичаи. Вечерта пред месецо март се вари котел со пченка, за вечера се прават посни питулици на вршник кои се потопуваат со врела вода помешана со масло за јадење и бел лук, питулиците се редат во тепсија. Се седнува и се вечера. Домаќинот зема еден подолг кујнски нож и ги сечи питулиците во крст, се прекрстува, ја благословува вечерата и се почнува со вечерата, има вино, бело или црвено без разлика.

По направените сите адети со вечерата, се донесува искубаната волна од овците, волната се извласува и осукуват два подолги конци, различни во бојата, после конците се осукуват заеднички и се прави шарен волнен конец. Со тоа се прават мартинките и му се врзуват на раката и со игла се шијат мартинки на носијата. Тоа е радост за малите деца, се чека прва прилика да се види ластовица, се вади мартинката од раката, се фрла по ластовицата со изговор, ластовице еве ти мартинка, донеси ми кошула.

Мартинките се прават црно – бели во голема чест на домашните животни како овците, свињите, кокошките, говедата итн. Наредното утро на целокупната жива стока во куќата им се става варена пченка во храната, во зопта и тие се дел за дочекот на Баба Марта месецот.

Од првиот ден на месецот март, наутро штом ќе се стани од спиење, на одредено место во куќата во ваганче има насечено мали залачиња од леб, се зема едно залаче, се јади нагладно неизмијан за да не го разбијат, преварат птиците доселеници со нивното пеење, ова важи додека не се слушне птичкиот глас и важи за сите луѓе во куќата и селото.

Ластовичке, наше милениче

Добре дојде во твоето седелце

Ти си човеково спасениче

На ти тебе мартинки

Донеси на кошули

На Велигден ќе ги носиме

Денот ќе го красиме.

Тоа е омилена песничка од малите деца према ластовицата. Времето пролетно од месецот март си заминува сите нејзини 28 денови што ги имала Марта во тоа време. Последните мартовски денови биле топли. Некоја си стара баба, радосна што ја испраќа Баба Марта и нема повеќе зима, си имала една коза, радосна бабата и рекла на козата во шега према Марта, цикш козо на планина, на Баба Марта и прднаме на брадата. Слушнала Бабата Марта за нејзината навреда и го замолила братот, месецот Април кој имал 33 денови во месецот, брате позајми ми три дена. Април и позајмил три дена на Баба Марта. Лута на тоа што го слушнала од бабата со козата, кога почнало да врни со виулици, снег студ и мраз, ја смрзнала бабата и козата. Затоа трите последни денови од месецот март кај народот се познати како Бабите.

Овие три последни денови од март ги именуваат на три најстари баби во населбата. Какви се тие по карактер, такви ќе бидат и деновите. Затоа поговорката вели, не се зборува лошо за Марта, таа е со девет умови. Марта му ги враќала трите позајмени денови на братот Април, тој одбил да ги земи назад поради биле земени, позајмени за лоша намена. Со тоа Баба Марта го зголемила месецот на 31 ден.

Човеково Спасение

Откако се расипал човечкиот карактер во сите погледи, во род и пород, Севишниот бог господ поред сите гревови се одлучил земјината топка, светот да го поништи со вода. После тоа, новиот свет ќе се развива од спасените живи суштества во пар како и неговиот правилен послушен човек Ноја со неговата му жена. Господ бог му кажал на Ноја што мисли да направи, Господ Бог со неверниот свет и му препорачал за да направи дрвен голем брод на неговата фамилија и останатиот животински свет по еден пар женско и машко суштество за приплод после потопот.

Ноја го послушал заповедо од Севишниот бог од господ и почнал да го гради корабо со одредена диемнзија, должина, ширина и висина, градбата да биди на коработ од дрво. За негово понижување, почнале неверниците да му се поганат во коработ, сметајќи го Ноја изгубен во свеста. На тоа нивно лошо однесување према Ноја, господ една заразна болест чума. Неверниците се разболеле. На сон му доваѓало, за вас спас од болеста е да одите каде се поганевте, да се измиете, ќе оздравите им велел Ноја. Неверниците сето нивно неверство се понижиле и оделе во новиот кораб наречен Арка и оздравувале во првобитната форма.

Откако коработ Арка бил завршен со градбата, дошол Господ и свирнал со свирчето, тие живи суштества на земјата кои биле предвидени за спасување, слушнале и од секое животинче во парови дошле во коработ кај Ноја, додека остатокот како човекот или луѓето, не ја слушнале господовата свирка. Биле оглувени од самиот Бог господ.

Вратите на коработ Арка биле кај што доваѓале и влегувале во коработ. Кога надошле и навлегле сите определени суштетства во коработ, вратите се затвориле и почнало да врни силен дожд со виулици и ветер. Коработ се кренал на вода да плови и така врнело ден – ноќ без прекин, шест деноноќни недели. На земјината топка и највисоките врвови ги снемало, биле покриени со вода. За секое живо суштество имало обезбедено храна према нивната потреба, времетраење додека не се излези од коработ на сува земјина површина односно на суво. Сите животни кои како што биле сместени во своите определени места во коработ мирувале. Глушецот не можел да мирува, си нашол работа, гризење на дрвениот кораб и го дупнал подот на коработ, почнала вода да влегува со јак притисок од надвор. Ноја вчудоневиден го фатилострав од катастрофа непредвидена, ги повикал сите животни и барал помош од нив како да ја затворат дупката.

Змијата се нафатила да го спаси коработ од потопување, ама нејзината замислена желба после тоа да и се исполни. Сите живи суштества тука присутни пристанале за нејзиното барање ќе и биде исполнето. Змијата се свиткала околу дупката, со сигурност го спасила коработ од неговото потонување на коработ Арка.

Времето преврнало, водата спаднува, змијата лежи свиткана на дупката. Ноја за да се осигура дали некаде има сува земја за да се укотват затова Ноја го пуштил гулабо да провери. Гулабот летнал, чекајќи го да се врати за извештај, го нема. Тој нашол некаде исцедена земја, си барал храна, нозете ги закачил во црвената кал, ги извалкал црвени. Ноја го прашал каде беше до сега, те чекам, одговорил Гулабот. Ноја му одговорил во смеја, е гулабе, ти си нашол суво место затова нозете ти се извалкани црвени. Ноја го анатемисал гулабо и затова на гулабите му се црвени од препорачката од Ноја.

Продолжува    

Loading