Хрватска
Триесетипетгодишниот Илија Несторовски, некогашен напаѓач на Победа, постигна гол во Супер спорт фудбалската лига на Хрватска, во дресот на екипата Славен Белупо од Копривница. Тоа се случи во дуелот од 2. коло дома против Вараждин, загубен со 1:4. Беше единствен гол за домаќините, а 16 вкупно за Несторовски на 55 меча за Славен Белупо во претходните две сезони. Претходно, во првото есенско коло, прилепчанецот, македонски репрезентативец, со својот клуб гостуваше на Максимир во Загреб, каде се случи поразот од 2:0.
Потсетуваме, Несторовски од 2007 година досега играше во Македонија (за Победа Прилеп и Металург Скопје), во Хрватска (за Интер Запрешиќ и Славен Белупо), во Чешка (за Словачко и Викторија Жишков) и во Италија (за Палермо, Удинезе и за Асколи).
![]()

