Даниел Мелвил Македонска рапсодија  131

На седмиот ден од пристигнувањето на Димо Каран во Гари, Филип и тој после долго одење по планината запреа да се одморат (уште ноќта тргнаа на лов да профитираат од свежината пред излезот на сонцето).

– Еве го изворот за кој зборував – рече Филип, спуштајќи ги раницата и ловечката пушка на тревата.

Димо Каран забележа дека многу се огладнува кога се оди по овие места. Извади конзерви со пиво и ги стави во мразно студената вода од изворот. Филип вадеше од својата раница храна што зел за двајцата. Позборуваа неколку минути, па младиот човек праша:

– Ќе сакате ли да ми ја раскажете случката што ми ја спомнавте?

– Би сакал, ама многу е долга. Ќе ни треба време довечер. Тоа значи да не ловиме денеска.

– Не е важно. Тргнавме да шетаме, а ловот беше само повод. Ако се изморите од зборување, ќе правиме паузи и ќе поодуваме да ги раздвижиме здрвените нозе.

Очигледно младиот човек чувствуваше голема желба да ја слушни “многу долгата приказна” оти, раскажувањето можеби го потсетуваше на вечерите минати понекогаш под лозницата со слушање на кажувањата од баба му по татко, кога ќе дојдел на посета во селото. Бил веќе два пати од Австралија, а овој пат, третиот, прво минал преку Америка, каде останал две седмици кај роднини доселени таму пред 15 години.

Димо Каран се насочи пред да почне со, практично, долгиот монолог.

Македонската самовила Темјануга ја напушти небесната палата од богот Сонце, каде отишла повикана преку официјален гласник да учествува на состанок на бесмртни суштества. Се поклони пред богот кој блескаше во својот златен оклоп, фрли последен поглед врз огромната палата на која се преливаа блесоците од злато, сребро, скапоцени камење што светкаа од сите познати и непознати за смртниците бои од спектарот. Се качи  на вселенската летачка и се упати накај Земјата, кон планините на Македонија. Мрзо стигна, ја врати летачката назад во космичкиот простор, заместувајќи ја со својата позлатена бојна кола, оставена во една од огромните македонски шуми. Бојната кола ја влечеа два бели коња со огнени очи и бели гриви, развеани на ветерот. Самовилата ги носеше своите оружја соодветни за епохата, што временски е околу 2.500 години во минатото во однос на 20 век. Оружјето се состоеше од одличен лак и стрели, сабји, три куси фрлачки копја, што таа беше способна да ги лансира прецизно на некоја подвижна или неподвижна цел. Темјануга го носеше и својот штит, оклопот, шлемот, исто така позлатени и покриени со орнаменти. Брзаше накај посестримите самовили да им ги соопшти новините и решенијата земени во палатата од богот Сонце. Потоа тие требаше заедно да го слават првиот ден од пролетта. 

Филип сакаше да праша нешто, а Каран рече дека е бескорисно да се прекинува со прашања.

– Подоцна се ќе разбериме, слушајте го раскажувањето – му рече Каран и продолжи.

Отиде во тајната сала на утврдениот дворец од еден богат пријател, моќен локален благородник. Стражарите ја запреа пред вратата барајќи лозинка. Каран одговори “Деница” (Венера) и влезе. Во тоа време трите омилени занимања на македонските аристократи беа ловот, двобоите и учествување како членови во тајни друштва. Салата, храм на тоа тајно друштво во која влезе Димо Каран беше подземна, голема, без прозорци, осветлена со факли. Миризливи смоли гореа во статични каделници. Чадот, заедно со од факлите, излегуваше надвор преку невидливи отвори. Повеќе млади девици, облечени со долги бели фустани направени од најфин лен, носејќи на главите венци од пресно набрани цвеќиња, на просторот предвиден во средината од салата играа свети танци. Со затворени очи девиците изговоруваа зборови што никој не ги разбираше, и со нивните тела правеа движења, знаци на несфатлив говор. По нив се појави со блескава златна маска на лицето задолжениот за извршувањето на светата служба.

 “Браќа и сестри, да запееме во слава на нашата пролет!”

Салата затрепери од различни звуци, темјаните се разгореа уште повеќе, лицата се озрачија од мир роден во длабочините на душите од учесниците. Задолжениот за светата служба го сврши собирот со покана упатена до сите да дојдат на една идна дата кога двајца нови членови ќе бидат свечено примени спрема пригодниот ритуал.

 (продолжува)

Loading