Сите понекогаш, ако не и секогаш, си поставуваме праашања, ако не јавно, во себе, што се вели, тајно. Сите кажуваме дека сме Македонци и дека ја сакаме оваа наша држава. Да, ова е наше општество во нашата татковина. Да, ама, дали го сакаме Господа, или тој ја заборавил Македонија. Ми се чини дека ние го заборавивме Господ! Зашто, едно е да се колнеш во него, а друго да правиш нешто за него. Така, е нашево секојдневие, барем младите и не само тие, независно дали се од дома или подалеку, од Европа, или козјнае каде во дијаспората во која не знам зошто уште се “крстиме” дека таа ќе нé извлечела од калта во која сме одамна заглавени.
И, се трудиме и условно, и “фрламе” пари за македонски, свети, божји храмови, цркви и манастири. Никој не е против, освен нехрисстијаните, што прават сешто да ги урнат. Тоа не е ново, од сега, ами од дамнина. Сме имале многу противници на кои им пречеле храмовите. Сега нека е скраја од нас. Тие рушеле, а ние пак ќе ги правиме. Така било пишано.
Но, еве што се случува за секој сведен кај нас во повеќето манастири. христијански, православни. На секое одбележување на славата на манастирот, во дворот врие од народ, верници, ама и од пејачи, музичари и пејачки со разголени грбови, високи цепови и потпетици, длабоки деколтеа, мини сукнчики, куси пантолончиња… Се фаќаат на ората девојки и машки при што им се проѕираат контурите на телата.
Колку е вернички облеката да е недолична во божји храм?
Добро е масовното присуството, негувањето на традициите и обичаите, почитувањето на вековносто наследството, па и музика. Ама како да е изоставена скромноста. Верниците играат, мешаат, на свирките, дури лепат и пари на пејачите и музикантите. Не од ситните, туку од појадрите, илјадарки, дури евра и долари. Наместо парите да останат за манастирите, музичарите одржуваат концерти на отворено, платени од кумовите – домаќините. Бакшижот, башка. Верниците, расположени, се расфрлаат за сведенот, за славата. Понекогаш е позитивно, но и негативно. Така, се поставува прашањето, дали правилно постапуваме, да не ја претеравме, Господе?
К.Ристески
![]()

