Вечер на унгарската култура

Вечер на унгарската култура ќе се одржи вечерва на платото пред ЦК “Марко Цепенков” со настапат на оркестарот  Рожафа и ФА Коња. Се одржува традицијата на презентација на унгарската музика и фолкор, а ЦК ја реализира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија

Оркестарот  Рофажа постои од 2024 година со млади музичари од Сента. Првото јавно претставување било на натпреварот за народна музика “Свири, свирче, свири!”, каде освоиле сребрена награда. Настапувале на настани посветени на народната музика, меѓу кои во Сента, Кањижа, Фелшехеѓ, Гомбош и Турска Кањижа. Биле дел од манифестацијата “Музиката на нашите предци” во Србобран, па на фестивалот “Дуриндо” во Итабеја. Музичката умешност ја претставиле и на Војводинската средба на унгарските танцови куќи во Бачка Топола. На натпреварот за народно творештво на средношколците, оркестарот ја освоил специјалната награда на оркестарот “Фокош”, како и пет бесплатни учества на нивниот камп за народна музика. Од 2025 година, оркестарот “Рожафа” е постојан придружен оркестар на танцовите групи. Членовите на оркестарот сметаат дека е исклучително важно да ги запознаваат, изучуваат и претставуваат народните песни од различните етнографски области на Карпатскиот Басен. На репертоарот се мелодии од повеќе етнографски региони.

Фолклорниот ансамбл “Коња” од Бачка Фекетиќ постои од 1996 година. Членовите се средношколци и студенти. За нив, унгарските народни танци и народната музика претставуваат важен дел од нивниот живот. Покрај изведбата на автентични кореографии на народни танци, создаваат и танцови театарски претстави. Секоја година ансамблот учествува на Војводинската средба на танцови куќи и на фестивали. Биле китени со златна награда на Националниот детски и младински натпревар во Сегедин. Ансамблот ќе се  претстави со кореографии од повеќе етнографски области.

Loading