Србинка за Прилеп

Шах

Ирина Вујатовиќ, 18-годишна шахистка од Србија, одигра за екипата Прилеп во Квалификациите за Првата женска лига на Македонија, како помош кон целта – првото место на табелата. Прилеп го освои врвот со максимални 8 бода од 4 меча. Двапати со по 3,5:0,5 е совладана екипата 7 Ноември од Гевгелија, а двапати со идентичен резултат од по 4:0 е совладана и екипата Цареви Кули од Струмица.

Ирина Вујатовиќ придонесе со освоени 3 поени на 4 партии на прва табла, а други членки на Прилеп се: Викторија Велеска (4 поени од 4 партии на втора табла), Теодора Ѓорѓиеска со 4 поени на 4 партии (на трета табла), Симона Ѓорѓиеска со 2 поена од 2 партии (на четврта табла), и Маја Дамеска со 2 поена од 2 партии (на четврта табла).

Екипата Прилеп во Првата лига ќе учествува кон крајот на август.

Loading