Првиот автомобил,чудо невидено

Насобрани луѓе, вчудоневидено извикувале леле… кола без  волови!!! Толпа од народ насобран го гледале возилото и стотина нејасни мисли му прелетувале низ главата: Каква кола е ова?! Како ќе оди без  волови , коњи или магариња?! Кој ке ја влече! Чудо невидено.

Тоа било првото Фиќо во нашиот град. Иако било со еден фар, комбинирани гуми и со менувач кој имал само две брзини и немал рикверц, Фиќото претставувало најголема атракција за тоа време.

Автомобилот развивал 12 километри на час. Им бил голема конкуренција на пајтонџиите. Секогаш кога ќе го виделе, се собирале сотина љубопитни луѓе, големи и мали, стари и млади и го наблудувале  со восхит.

Големата атракција претставувала луксуз, што малкумина можеле да си го дозволат. Сепак колата претставувала големо откритие, голем и олеснителен напредок за луѓето.

Loading