Кошарка
Важна одлука била донесена во Кошаркарската федерација на Македонија – дозвола да се игра уште следнава сезона во салите во Велес, Тетово, Струмица и Прилеп, сали во кои нема соодветна подлога, каква што бараат прописите. Значи – даден е рок од уште една година за да се поправи подлогата, а дотогаш ќе постојат клубовите во овие градови. За Прилеп е важно што и натаму ќе постои клубот Мега баскет.
– Дозволено ни е сега-засега да ја употребуваме салата во ОУ “Добре Јованоски”, а за в година ќе мора таму да се постави подлога каква што се бара – паркет. Според тоа, нашиов клуб, Мега баскет ќе може да функционира, и тоа со сите три екипи – сениорска, младинска до 18 и пионерска до 12. На 1 септември почнуваат тренинзите оти првенството стартува околу 20 октомври. Така, веќе следната недела ќе имаме одредено главен тренер, избран од две-три опции, а ќе биде познат и целиот играчки кадар. Спонзори има заинтересирани да помогнат, но очекуваме уште поголема поддршка од Општината како и Мега баскет, машки кошаркарски клуб од Прилеп, се зборуваше дека нема КФМ да дозволи, во тој случај требаше прилепските тимови како домаќини да играат во Битола. За во иднина има некои најави, па ќе видиме што ќе се случи. Со тренинзи треба да се почне на 1 септември, оти првенството стартува подоцна, околу 20 октомври. Со играчкиот кадар и кој ќе биде главен тренер ќе биде познато идната недела, има две-три опции. Ќе има три екипи во клубот: сениорска, младинска до 18 години и пионерска до 12. Спонзори има заинтересирани да помогнат, а а и очекуваме уште поголема поддршка од Општината Прилеп – вели претседателот Данаил Домлески, кој во техничка и стручна смисла има помош од Саше Костоски.
Минатата сезона Мега баскет одигра во Плејофот (Топ-8 фазата) на Првата лига на Македонија.
![]()

