Клубот на литературни творци – Прилеп, на 15 август ќе ја организира традиционалната манифестација “Поетско Маркукуле” со претставување на богатата културна и книжевна традиција. Ќе одекнат стихови од различни автори и земји со заедничката љубов кон пишаниот збор.
Претседателот на Клубот, Весна Шереметкоска, истакнува дека се во полн ек подготовките за 19 -та манифестација што ќе се одржи во киното Мис Стон.
– Манифестација прерасна во познат поетски бренд. Го привлекува вниманието и интересот на многу поети од земјава и регионот. Пријавени се над 200 поети од Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија Хрватска, Германија, САД, Бугарија. Сите ќе бидат застапени во заедничкиот зборник “Поетско Маркукуле 2026”, што ќе се промовира на манифестацијата. Секој автор ќе добие по еден примерок. Предвидени се промоција на зборникот, поетско читање, претставување на поетите со авторските творби, преку кои ќе ја искажат својата мисла и ќе создадат атмосфера исполнета со емоции, дружење и споделување на творечки искуства. Во киното Мис Стон поезијата ќе ги обединува луѓето, ги премостува границите и го претвора зборот во емоција – вели Шереметкоска.
![]()

