Фељтон: Томе Велјановски
Фамилии во Марул кои биле зафатени во светијованови контакти (врски)
Како што кажуваат постарите дедовци, светијованството се применува од времето на христијанските ученици, апостоли како меѓусебно поверенство и почитување без конечен крај на истото. Има две светијованства. Една е нерода за поверенство и второ, е за обновување за застарена крвна рода при разни големи или мали девери при црквени адети, церемонии. Колку што знаеме, пренесено од постарите Светијоновци – Таневци, Јанковци – Колевци односно Бошевци, Колевци со Свеќарите од Штавица.
Гулабовци – Таневци со родувањето на две машки деца кај Гулабовци и Таневци во 1791 година крстени се во една вода Гулабоски Младен и Танески Наумче и од таа крштевка дошло до светијованство, побратимства помеѓу Гулабовци и Таневци. Гулабоски Младен порастил и отишол за домазет кај Џамовци во с. Прилепец, својот крстен побратим Наумче го оставил во Марул. Нивното светијованство го продолжиле да го негуваат нивните потомства. Кога порастило наумчевото дете Ристе, домазето Младен Гулабоски на Ристе му бил стројник за неговата женидба и му одбрал девојка за невеста со име непознато од с. Вишиновци од Прилепец. Со ова работа, светијованството се прицврстило уште повеќе меѓу Гулабовци и Таневци и почнале да се стават законџи. Но, Гулабоски Најдо кога се оженил за Јанкоска Дуна во 1918 година, голем девер на венецот, му бил Танески Атанасов Ризо (1870 – 1939). Мало деверче на венецо било Ристески Стојанов Тане Танески 1908 – 1985. Стеваноски Најдов Живко се ожени во 1948 година за Шероска Цвета од с. Бонче. Мало деверче на венецот му е Ристески Крстев Ќиро Танески (1938).
Во гулабоското танеското светијованство се догодиле два настани, комичен и трагичен.
Како што кажуват постарите, нашите дедовци Гулабоски и Танески и така ќе запишеме. Гулабоски Трајчев Стеван за поверен другар светијован го имал Танески Наумчев Ристе, додека брато на Стеван, Гулабоски Трајчев Новаче за поверен другар го имал Танески Бошев Атанас, прв брачед од стрико на Ристе, сите родени од 1840 до 1845 година.
Комично – смеа
Волческа Вида, родена нивна генерација во с. Ношпал, внука од брат на Танеска Бошевица Петра Втора. Вида, внуката на Бошејца често пати доваѓала на гости и на поседок кај тетка си Петра, позната им била на марулските момчиња. Дошло време, се омажила во с. Радобор, кај кого не е познато. Светијованите Гулабоски и Танески, Вида млад невеста да ја поканат фамилијарно за зимските куќни слави Варвара кај Таневци и Св. Никола, зимен кај Гулабовци. Каначи биле Танески Наумчев Ристе и Гулабоски Трајчев Стеван.
Времето зима со дебел, снег до колена. Каначите спремни, ги обуле чизмите до колена и после пладнина заминале за во Радобор. Таму стигнале во вечернатата доба, од домаќините биле примени како гости. Но, тоа исто време дошле и други каначи, по роднинската крвна врста од страна на момчето од с. Чарлија или Могила, сеедно. Дошло до разправија за канењето. Тие, полските каначи, Стеван и Ристе, дали и бевте на свадба на Вида кога се мажеше, е не бевме, ама сме сватови.
Полските ривали каначи вулгарно им одговориле и силеџиски ги потерале, Стеван и Ристе се виделе во опасност, во зорт, ја отвориле вратата од пондилата, имало некое тесно прозорче со решетки, се провнале низ прозорчето, ама чизмите на двајцата им останале внатре во пондилата. За да се спасат од полошо од Радобор до Марул, си дошле по чорапи во снегот, тоа во далечина има 25 километри пат. На денот Божик, се разбрало што се случило со нив. Двата биле ораџи, нивните чизми биле воружани со прапорци до потколениците, кога го воделе орото, прапорците им тропале. На тој Божик, место со чизми биле обуени со обични ќосели чевли. Народо со нив си направил разни смеи, пазете да не останите без чизми.
Трагичен настан
За денот Велигден, денот е обележан, за настанаот на датото и годината, не се забележани.
Другите двајца светијовани Гулабоски Трајчев Новаче и Танески Бошев Втори Атанас наречен Аџијата решиле на вториот ден на Велигден да одат на гости на селската слава во с. Чумово. Со нив го зеле и нивниот другар Стојо Дашо. Планирале на конак да одат кај Апостоловци Танески стари деленици, уште од селото Клекоперци, изгорено, поништено за време на Мариовската буна во 1564/65 година кое се навоѓало северно од прилепско Алинци каде денес му се црквата и гробовите.
Момциве Атанас, Новаче и Стојо кога дошле кај Кладенецот Клетовник во штавичкиот сињор, решиле да се одморат и напијат вода. Атанас и Новаче подзастанале кај кладенецот, додека Стојо продолжил да оди. Одненадеж почнало да се пука со пиштоли. Стојо бил смртно погоден, додека Атанас ранет во раката, сосема мали гребнатини. Гостинскиот план завршил, не пошле. Тука често пати се покажувале арамии при кладенецот и пљачкале патници, најверојатно таа вечер ќе врват патници. Како дошло до тоа останало непотврдено за да била некоја љубомора, за љубов. Неговите другари Атанас и Новаче направиле носила и ноќта го однесле Стојо отепан кај Дашовци во Марул, тие биле момци кај Амдија бего Утоски во Средно маало.
Неговата сестра Мара Дашоска, мажена за Грујоски Јованов Курела (1847 – 1929) таа во оплакувањето на гробот од брато Стојо ги спомнувала како убијци неговите другари поради не се откриле други убијци. Покасно во триесеттите години Апостоловци како стари деленици уште од Клекоперци се посватиле. Апостолоски Трајанов Методија се оженил за Танеска Ризова Султана во 1936 година.
Раскажала Дашоска Петрева Магда (1868 – 1942), Гулабоска Огнејца, внука од брат на Стојо Дашо. Прераскажал Стеваноски Најдов Живко, внук од син на Магда Живко.
Продолжува
![]()

