Вака, некако, само повеќе милозвучно, молежливо, се разбира и погласно, секое утро по улиците на градот нудеше пресно млеко од фармерите од селата, а и од градот. Сопствениците на крави или овци ги имаше доволно од Мало и Големо Коњари, Галичани, Беровци, а и оние од Варош кои чуваа крави. Во тенекиени канти од по дваесетина литри, на магариња, велосипеди, а потоа и на моторчиња секое утро кажуваа на домаќинките дека можат да купат пресно млеко. Некои од редовните купувачи го познаваа и гласот на “својот” млекар. Со тенџерчиња и други садови излегуваа и млекарите, на тенекеџии правени мерки од по лита, или половина даваа млеко. Немаше откуп, откупна станица додека не се формира ИНЗАП, инвалидското занаетчиско претпријатие.
Ако не се продадеше млекото се нудеше на “млечниот” пазар каде што , сега е Тинекс.
Голема врева се крена по медиумите дека во млекото немало доволно масленост. Имало палмино масло. И толку. Проблемот како да беше решен. Се замолчи. Кога немаше ХАСАП систем за стандард за квалитет при производството на млеко и млечни производи, сирење, изварка, маштеница, или сега како што велиме, јогурт, се носеше млекото на млечниот пазар и им се нудеше на граѓаните наутро. Имаше инпектори. Ако е дежурен ветеринарен лекар Димче Москов, ако мерачот на масленост не покаже колку што е одредено, млекото се тураше. Се празнеа кантите со млеко во канализацијата. Млечноста ја мереа и од други инспектори. Ама, Коњарци и другите млекари што знаеја дека во кантата има повеќе вода од дозволеното, кога ќе разбереа дека има контрола, млекото го враќаа дома, в село. Домаќинките го потквасуваа, матеа во дрвени садови, бутини и правеа маштеница. Млекарите другиот млекарите пак со викање по улиците, “маштеница блага” ја нудеа белата течност на граѓаните.
За сеќавање понудата на покиселено млеко, кравјо во жешки летни денови, особено за тутунарите. Тогаш, кај сегашниот Макам, бабата Вита и дедото Велко Кочо чуваа крави и од млекото нудеа потквасено, кисело млеко во земјени грниња за тутунарите при садење, копање или берење на тутунот. Кога се бере тутунот на враќање на масичка пред портата на семејната куќа на баба Вита, стоеја земјените грнчиња. Ние, со парите в раце, купувавме на враќање од берење. Ако беше многу жешко, земјените грнчиња се чуваа во куќата и оттаму купувавме кисело млеко за доречек. Се дробеше засушениот н аправен од мајките и со маштеницата (јогурт, модерно ајрон (турски) сркавме со лајци од надробениот леб со недоизмиените раце со тутукал од тутунот. Мајките го “разладуваа” потквасеното млеко со повеќе или помалку млеко. Се памти поговорката, “маст колку дале кравите, а маштеница колку сака мајката”.
Сега нема овци, нема крави, нема млекари. Ако ги има, се модерни. Млекото се откупува со цистерни и технолошки се обработува. За муштериите што “наоѓаат” маани, се нуди во маркетите во тетрапак. Модерно, не е како некогаш од канти, па во шишиња, па во најлон кесиња и сега во потквасено, закиселено, во пластични канчиња. Нема инспекции, но има палмино масло. Никој не прашува кој го произведува тоа масло, овде во Македонија??!!
К. Ристески
![]()

