Фудбал
Приближува есенскиот старт во најмасовниот спорт – фудбалот, во сите рангови и возрасни категории, па поради тоа се почесто се наметнува прашањето: Колку екипи од ОФС Прилеп ќе бидат и натаму активни, во системот од ФФМ? Потсетуваме дека во минатата сезона беа вклучени 35 екипи.
Најпопуларниот ФК Победа АД со сениорскиот тим учествуваше во Втората лига на Македонија, а последниот меч го одигра на 23 мај во Штип со шампионот (Брегалница – Победа 7:0). На конечната табела прилепскиот тим беше претпоследен, 15-ти, со 11 бода. Тоа не е изненадување ако се знае дека играчите беа младинци и кадети. Покрај во сениорска, клубот зеде учество во Втора пионерска (7 меѓу 10), Втора помлада пионерска (4 меѓу 10), Пелагониска кадетска (5 меѓу 9), Втора кадетска (7 меѓу 10) и Втора младинска (7 меѓу 10). За целиот клуб каква ќе е иднината е голема неизвесност, а се зборува дури и за формирање нов клуб како алтернатива за местото во третолигашкиот Регион 4. На претходната второлигашка сениорска табела последно 16-то место беше Големо Коњари, со 7 бода. Последниот меч на истиот датум, беше поразот во Тетово (Тетекс – Г. Коњари 7:2). Оптимизам за постоењето на овој клуб даваат активностите за средување на теренот, како и уписите за младинската школа. Таму во претходната сезона учествуваше и во Трета помлада пионерска – Запад (7 од 7), Трета пионерска – Запад (6 меѓу 7), Инаку, Пелагониската кадетска е важна зашто има уште две прилепски – Вондеркидс на 1 место со 46 бода и Академија Еврогол трета со 32.
Екипи од ОФС Прилеп имаше и во други лиги. Во Третата лига – Југ беа 7 тима од вкупно 14: Ултрас (4 место), Питу Гули Крушево (5), Влазними јуниор Пресил (8), Млекар М. Коњари (9), Бучин (10), Младост Кривогаштани (11), Слога Лажани (14). Важни се о општинските лиги. Во Општинска А-лига беа 8: Кадица Забрчани, Стрела Ерековци, Кадино, Динамо Мажучиште, Црвена ѕвезда Сенокос, Гарван Десово, Козара Заполжани и Братство Г. Коњари. Во Општинска Б-лига беа исто 8: Братство Житоше, Прилеп сити, Пролетер Прилеп, Канатларспор, Партизан Обршани, Корзо Прилеп, Боротино и Канатларци.
Ако се знае дека 24 клуба во големиот фудбал формално постојат и не се активни, а и футсалот (малиот фудбал) е во период на пауза – не настапија екипите коишто порано беа активни, КМФ Победа и Град херој., добро е што женскиот фудбал е претставен со ЖФК Цевитана во Младинската лига (3 место меѓу 12),
Во сето ова оптимизам дава реактивирањето на три клуба: Славеј 1947, Слога 1976 Лажани и Мукос Дреновци.
![]()

