Фотографии и фотоманипулации “Дома”

Изложба

Изложба на фотографии и фотоманипулации “Дома – меѓугенерациски дијалози за денот и ноќта” е колаборативен проект на сограѓаните Александра и Илија Ацески, што ќе биде поставена од вечерва во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Станува збор за визуелен дијалог во кој авторите откриваат две перспективи на поглед кон светот.

– И од тука лежи една фундаментална тензија. Едната перспектива, на Ацеска е аспект од нашата природа кој се стреми да разбере преку дисекција – да разложува, анализира и поедноставува, во потрага по значење. Другата перспектива е таа на Ацески, и е аспектот кој ја сфаќа суштината на нештата не преку прекумерна анализа, туку преку директно искуство и прифаќање. Изложбата се позиционира токму во тој простор меѓу двата пола: место каде што едноставниот симбол може, всушност, да содржи цел универзум, и каде што значењето се појавува како соработка што го чека доаѓањето на набљудувачот – велат од ЦК “Марко Цепенков”.

Loading