ДИЕТА СО ЈОГУРТ

Јогурт диетата вреди да се проба, оти е без гладување. Порциите треба да се умерени, дозирани и без прејадување. Покрај јогурт може да се јаде и свежо овошје и месо. Се одбегнува само зашеќерен јогурт, односно оној кој во себе содржи многу шеќер. Јогуртот мора да се комбинира со препорачана храна од дозволениот список. Со оваа диета се сметнува 4 килограми за три дена. 

Прв ден. Појадок, овошен или обичен немрсен јогурт со снегулки по желба. Ручек, на маслиново масло се динста зеленчук, па се меша со сварен интегрален ориз. Зеленчукот не се зачинува освен со сол и црн пипер. Вечера, салата со морков или со шунка и немасен јогурт.

Втор ден. Појадок, салата од краставици со јогурт. Ручек, печено мисиркино месо на маслиново масло со печурки, домат и пиперка со додавање на јогурт. Вечера, шумско овошје со јогурт.

Трет ден. Појадок, јогуртот, младо сирење, јаболко, малку цимет и сол по желба. Ручек, филе од ослич со салата од јогурт и краставица. Вечера, 100 гр. тестенини со сечкана пиперка и варено јајце. Се додава јогурт.

Диетата не се практикува подолго од три дена, телото да не осиромаши од потребните растителни влакна и витамини. Диетата се повторува по одреден период за враќање на нормалната избалансирана исхрана. Се пие незасладено кафе и чаеви, а газираните напитоци се забранети.

Loading