АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Наместо да биде правило, владеењето на правото е сеуште исклучок.

*

Седи на две столчиња, но не покажува ниту еден резултат.

*

Патот до успехот не е тежок, само дали некој ќе успее да го пронајде.

*

Не е важно власта да биде задоволна туку народот.

*

Со факел во едната и со запалка во другата не се соработува со соседот.

*

Каква е разликата меѓу геополитиката и варварството?

*

Празни глави не може да бидат на пиедестал.

Д-р Хаџи-Васков

Loading