ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (346) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Бошески Танев Наумче, третото дете од Тане, внук, внуче од син на првиот Боше, внуче од брат на првиот Велјан наречен Јуруко. Наумче бил роден пред да стани цар Французинот Наполеон. Негов врсник му бил Гулабоски Младен при крштевањето в црква биле крстени во една вода. Од по тој настан со крштевањето на децата Наумче и Младен Бошевци односно Таневци и Гулабовци се фатиле Светијовани.

Гулабоски Младен кога порастил, отишол за домазет кај Џакомвци во с. Прилеп, по неговото потомство денес се познати како Саботковци. Светијонството Бошевци (Таневци) и Гулабовци го продолжиле и без Младен во Марул, старите велат светијонството е вечно. Гулабовци и Таневци биле рајатски фамилии и тоа ги придружувала во поверенството како независни фамилии од турските достоеници.

Наумче порастил здраво и бистро момче, се оженил, името и родното место на неговата жена не е познато. Наумче во бракот имал две деца и тоа Ристе и Стојна. Наумче во неговото време бил смешан, активен човек повеќе години бил кмет во Марул, коџобашија. Кога се преправала црквата од 1847 – 1859 на денешното нејзино место Наумче имал две сопствени дрва, тополи и ги подарил на црквата при градбата. Наумче децата ги удомил. Ристе се оженил за девојка, име не е познато од Вишиновци од с. Прилепец. Ристе и неговата жена во бракот имале четири деца, по азбучен ред Велјан трети 1876, Грозда, Стојан 1812, Ристана, Велјан женет за Мицоска Божна од Штавица. Грозда мажена за Јован Главина од с. Мојно. Стојан, прва жена од Тасевци од Подмол, умрела млада, нема потомство. Втора жена Анѓа Здравеска од Марул, Ристана мажена за Велкоски Мицо од с. Лопатица, прилепско.

Стојна Танеска се омажила за Кеноски Тале (Кено) во с. Подмол, во бракот Стојна и Тале имале три деца Ѓорѓија, Јоше и Неда.

Еден есенски ден по Митровден во 1896 година, дедо ми Ристе Јовчески со неговите другарчиња, комшии, врсници Јанкоски Ристе, Јованоски Ристе Курела пасејќи ги овците во придружба со чичко Мијале Гулабоски во местата Сечени камења, Стените, сеедно. Тука во близината и многу постариот прадедо Танески Наумче пасејќи ги нивните овци. Во тоа време се зададе еден голем булук овци одејќи на презимување во топлите краеви во солунско. Наумче гласно ни викна, деца Мијале пазете за да не ви се замешат овците со мијачките после нејќе мажите да ги пронајдите, одделите.

Дојдоја двајца овчари арнаути од кај нивните булуци овци со крлузите почна да го мава со наговарање, да рекол Наумче за да му украдат овци. Наумче е кажа вистината, јас реков оазете деца да не ви се замеша овците, после н еможете да ги пронајдете. Арнаутите, за ништо, го натепа стариот дедо Наумче и си замина кај нивните овци, рече дедо Ристе Јовчески Велјаноски.

И мијачките овчари имале проблем со кражба од нивните булуци. Кога оделе со стоката на презимување во топлите краеви или обратно, кога се враќале за летовање за на планина имале неверство во местата каде поминувале булуците овци. Имало арамии, копале дупки маскирани, кога поминувале овците пропаѓале внатре.

Откако ќе заминеле овците булуците, ако имало паднати овци, ги собирале и продавале жива стока или пак месо и пастрма, правеле печалба. Стојче офна и изговори, охалбуќи моите дедовци се тепани од арнаутските овчари. Баше, дедо ми е отепан во Долна Браненица во 1876 година, беше селски кмет. На полјакот Колески Тарјче му го скршија палецот од раката. Додека дедо Наумче беше натепан во стените, ама тој ги надмина стотте години од живото 101 година (1791 – 1892). Стојчевот кажување го потврдува постарите дедовци како Јошески Цветков Божин Котески ( 1873 – 1962), Стојаноски Котев Илија Котески (1876 – 1972), Јовчески Велјанов Ристев велјаноски (1888 – 1962) и др. Дедото Стојче е тераше внуката му Драгица, со која ги пасеја воловите, оди запри ги воловите, јас ќе поседам овде, да му кажувам историски настани од минатото, 1954 година беше последната воловска година за Танески Стојче, умре во почетокот на 1957 година, февруари.  

Продолжува    

Loading