Фотографии за руски дејци и книги

Изложба во библиотеката

Во Библиотеката се отвори изложбата “Истакнати културни дејци и достигнувања на Русија”. Поставени се фотографии, сведоштво за богатото културно наследство на Русија, потврдувајќи го хуманитарниот дијалог, кој придонесува за меѓусебно разбирање и зацврстување на пријателските врски меѓу народите. Презентиран е дел од литературата на руски автори во библиотечниот фонд. На фографиите се истакнатите дејци, како композиторите Прокофјев и Шостакович, и писателите и мислители Булгаков и Достоевски.

Нивните творештва извршија исклучително влијание на развојот на музичката и книжевната уметност. Создаденото наследство продолжува да ги инспирира луѓето во многу земји низ целиот свет. Делови се посветени на научниците и просветителите како Михаил Ломоносов и Владимир Даљ, кои дадоа непроценлив придонес во развојот на руската и светската наука, образованието и рускиот јазик. Посетителите се запознаваат со наследството на Александар Афанасјев, кој е познатиот собирач на рускиот фолклор. Благодарение на него, се зачувани единствени примери на руското народно творештво. Посебно место е посветено на 250-годишнината на Државниот академски Бољшој театар. Тој е  еден од главните симболи на руската култура и светски познат центар на оперската и балетската уметност, чија историја е нераскинливо поврзана со развојот на националната и интернационалната театарска сцена.

Библиотеката ја организира изложбата во соработка со Амбасадата на Руската федерација, подготвена за јубилејните датуми на Русија во 2026 година, и Македонско руското друштво од Прилеп.

Loading