Ветрот посилен од корењето на децениски стебла

Последното силно невреме предизвика кршење на големи парковски дрвја на Могила и во населбите Ѓогдере и Бончејца. Екипите на Комуналец веднаш реагираа да овозможат непречено движење на автомобилите и пешаците. Паднатите дрвја беа собрани, а површините исчистени.

Инаку, Комуналец сече стари и проблематични дрвја со висок ризик за материјални штети, како и закана по животот на граѓаните, според   документација од стручна општинска комисија.

Заради поголема видливост и безбедност на сообраќајот, Комуналец ги обележа рабниците со жолто црна боја на кружниот тек кај Солидност, едновремено хортикултурно, уредувајќи ги сообраќајните острови.

Loading