Шах
Најубаво е кога мали места стануваат собиралишта на многу спортисти од државава и од странство. Такво е Ропотово. Веќе е најавен за таму, за 16 август, Првиот меѓународен турнир во забрзан/рапид шах, организиран од ШК Прилеп, предводен од ИМ Тони Кироски, поддржан од Општината Долнени и од ресторанот Медиа петрол од Ропотово.
Се очекува до крајниот рок, 14 август, да се пријават 80 шахисти од државава и од странство. У чеството е по 500 денарии. а интермајсторите и велемајсторите се ослободени од такво плаќање. Се најавуваат многу учесници, оти наградниот фонд е привлечен, 132.000 денари. Од нив 35.000 се за првоопласираниот. Се играат 9 кола по Швајцарски систем во еден ден.
Програмата е од 9 до 18 часот и организаторот обезбеди ручек, кафе и пијалок.
![]()

