ТУТУНСКАТА ИНДУСТРИЈА НОСИ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Градоначалникот Дејан Проданоски оствари средба со Милјан Жарковиќ, директор на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп”, и Александар Алексовски, генералниот директор на Тутунскиот комбинат. Разговарале за значењето на тутунската индустрија за Прилеп.

– Прилеп е центар на тутунопроизводството и тутунската индустрија во Македонија, како во одгледувањето на тутунот, така и во производството на цигари. Посебен акцент ставивме на долгогодишното партнерство кое датира од 2014 година, со заедничка определба успешната соработка да продолжи и во иднина. Беше истакната и важноста на оваа индустрија за развојот на Прилеп, за обезбедување работни места и за придонесот за македонската економија – изјави Проданоски.

Локалната самоуправа останува посветена на соработката со стопанството и на создавање услови за понатамошен економски развој на Прилеп.

Loading