Фудбал
Низ фудбалските дискусии може да се слушне за Бордо, шесткратниот француски шампион. Гигантот е симнат во Шестата лига на Франција, поради финансиски причини. Поврзувањето со Победа е поради тие финансиски причини. Симпатизерите од Прилеп се плашат од истата судбина, од потонувањето во некоја од најдолните лиги. Затоа, сите што се сега во клубот се пред голема задача за финансиско средување и пријавување учество на сениорскиот тим во третолигашкиот Централен фудбалски регион 4. Во тоа да се успее и потоа да се избори место на врвот од табелата и во повисоката Втора лига на Македонија. Тоа е желбата на навивачите на Победа.
Засега нема новости, а се очекуваат секојдневно и за клубот и за деталите околу Регион 4. Затоа што преодниот рок е во тек и почетокот на тренинзите треба да се случат, оти првенството почнува по еден месец, во август или во почетокот од септември. Но не се знае колку екипи ќе учествуваат.
![]()

