Фељтон: Томе Велјановски
За Стојчевиот куќен мандат имале пет ѕевгар волови, произведувале до 1 000 вреќи жито од по 100 кила, 100 илјади кила жито посеано, со ѕевгарите ожнеано, со срп и овршено. Во 1919 година Стојчевци ги ожениле Мице за Митра Џобеска од с. М. Рувци и Трајан за Менка Чакмакоска, исто така од с. М. Рувци и соградиле нова куќа. Таневци Стојчевци во 1924 година го купиле целокупниот чифлик со големи парцели за евтини пари од Арнаутите Јунузовци кои се иселиле во Турција, со чифлиго постанеле уште побогати, ама биле големи работливи луѓе. Така било, богати до четириесеттите години на минатиот век кога се поделиле на четири куќи Мицевци, Недановци, Ристевци, Трајановци. Таневци Стојчевци се од лозата од Боше Таневци Стојановци се од лозата Наумче. Нивниот брат Велјан немал машка лоза, ќерка му Ѕуна се омажила кај конзулите во Штавица.
Нешто пропуштиме. Додека Стојчевци биле комплетни полските села во битолското поле Могилци, Чарлинци, Радоборци со двогледи ги гледале копите слама и стоговите сено, групирани иделе кај Стојчевци, купувале слама. Но, секој кој купува, му давале бесплатно еден кош слама. Стојче велел, албуќи без даден бакчиш е исто како камен да фрлиш по купувачот за повеќе да не се врати. Подарениот кош слама е благослов, ќе донеси други купувачи. Таневци Стојчевци уште за Првата светска војна, купиле куќа во Прилеп, во близината до училиштето Добри Јованоски, сега е сопственост на бизнисменот Атанасоски Ѓорѓија (Гога Џорџ). Атанасоски Ѓорѓија Гога Џорџ Танески му е правнук на Стојче, по брат му Ризо (1872 – 1939). Атанасоски Ѓорѓија е во с. Марул 1952, се иселија во Прилеп во јули 1961 година. Тој е американски бизнис ман, дојде во Прилеп, купи повеќе објекти, при покривот на црквата Богородива Мала во Марул подари 1 500 американски долари. Ѓорѓија Гога Џорџ вработи повеќе работници, им даде право на слобода и поштено да се врши работата. Работата излезе обратно од поштеноста. Џорџ сите објекти ги затвори, вработените ги напуштија работните места, си остана и понатака бизнисман во Америка Атанасоски Гога, народната поговорка вели, крушата под круша, паѓа.
За време на Мариовската буна во 1564/65 година, многу христијански села, како во Мариово, исто така во Пелагонија, турските башибозуци и аскерот ги запалиле. Како селата Еленик, Црквиште, Горно Село, Клекоперци, Сливово и др. Некои села се обновени со муслиманско население. Од Горно Село го прекрстиле во Канатларци со население муслиманско донесено од Мала Азија. Село Сливово го населиле со муслиманско население. Името му го сменале од Сливово во Ерековци, на турски слива – ерек. Никнале повеќе нови муслимански населби. Алинци прилепско, шелеверци, Будаково, Алинци битолско, Мусинци и др.
Клекоперци селото се навоѓало северно од прилепско Алинци, било тотално поништено, не се обновило, населението се разбегало. Една фамилија од тоа село се разделила на три дела, тоа се Апостоловци во Чумово, Милевци покасно Дерковци, Марковци мелезовци во Штавица и денешните Таневци во Марул. Сите имат куќна слава Варвара. Исто така, Колевци се од Клекоперци, дошле во Марул со ден, куќна слава Св. Никола зимен.
Племето Калешковци од с. Сливово – Ерековци броело 70 членови, имале едно лично младо момче по име Ѓорѓија. Турските власти му понудиле Ѓорѓија за да се исламизира во спротивно, ќе бидат сите убиени. Ѓорѓија одбил да премини во исламската вероисповед. Масакрот почнал од страна на Турците, многу од Калешковци биле погубени. Тие кои преживеале се засолнале во с. М. Рувци. Тука се поделиле во две групи. Едната група под име Гарбевци заминала во Прилеп. Втората група од Калешковци заминала и нашла засолниште во с. Мојно под име Мамалиговци. Сега таму нема.
Велјан Втори Танески Танев, син, внук од на Велјан Први, наречен Јуруко. За овој Велјан Втори Танев, син, брат на Боше Втори и Наумче има пооскудни податоци за него отколку за браќата Боше Втори и Науме.
Не е познато неговото време на родување, името на неговата жена и нивната умирачка. Сето тоа влијае по тоа што долги години во бракот немале биолошки деца. Велјан и неговата жена за да ја ублажат несреќата за без сопствени биолошки челат се одлучиле, присвоиле дете ранениче по име Тоше од Мојсовци од с. Веселчани. Откако го зеле раненичето Тоше, на Велјан и Велјаница му се родило дете женско, Ѕуна.
Родителиве Велјан и Велјаница, децава ги одгледале и удомиле. Ѕуна ќерката ја омажиле во Штавица, ја омажиле кај Конзулите или кај Толевци. Ѕуна за да не бара татков дел, наследство, Таневци како татково наследство и ја дале мираз нивата во Горна Равна под Веслек која беше одработувана од штавичани до 1960 година, посеана со жито, рж.
Ние како деца, марулски овчарчиња ќе се заиграме во Раѓа ливада штотуку овците накачат нагоре по Голи рид нагоре бевме опрезни, внимателни одевме набрзина, ги враќаме овците во Раѓа ливада за да не влезат во штавичката нива сеана со жито во Горна равна на 800 метра висина под врвот Веслец.
Очувот Велјан и Велјаница го ожениле и посиноко Тоше за непозната девојка. Тоше и неговата жена во бракот имале едно дете женско, го крстиле Сава. Сава пораснала и се омажила во Марул за Колески Мојсов Стојан (1850 – 1941). Младоженците Стојан и Сава на денот Илинден во чест на нејзиниот татко Тоше го посетиле татковото родно огниште во село Меселчани. За време на собирот на сред селото се појавил некој си пеливан, борач одел низ народот, мучел и рикал предизвикувач за борење.
Стојан ги прашал шуревите зошто овој човек се лигави, мука и рика, слушнал пеливанот и остро му возвратил на Стојан, за да те распарчам на сред селово. Стојан со телесната градба и еластичноста на телото, сам кревал и товарил воденички камен на колата за на пазар во Битола. Стојан на пеливанот му возвратил, ќе видиме на кого му е душман животот. Шуревите на Стојан му ги засукале ракавите до лактата од волнената кошула. Само што се фатиле рака со рака за борење, Стојан го кренал пеливано и со сета сила го соборил на земи и на пеливанот му се скршила левата рака. На сред селото настанала тишина. Пеливанот се изгубил меѓу народот, место мукање со офкање и лелекање.
Стојан и Сава има четири деца: Крсте 1873, Мојсо 1877, Мара, Невена. Сава умира во подоминати години. Стојан се преженил за вдовицата Бојана од с. Заполжани. Јованоски Димитрија (Курелоски) по мајка му Петра е крвно Танески е оженет за Колеска Мојсова Илина, не се крвна рода. Крсте, прва жена Аџиоска Каравилка од с. Добрушево, втора жена Мамалигоска Митра с. Мојно, Мојсо – жена Никоска Неда, с. Лопатица, прилепско. Мара – маж Чакмакоски Стеван с. Мало Рувци. Невена – маж Јоноски Наум с. Мало Рувци. Од овие горе наведени лица само Крсте нема свои биолошки деца, има присвоено ранениче дете Ќире.
Продолжува
![]()

