Изложба
Следниве две недели ќе може да се види изложбата “Пејзажни знаци 26” од уметникот Атанас Атанасоски, поставена во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. Претставена е инсталација од трновити растенија, кои и по бербата како сува материја ја задржуваат структурата. Материјалот е локален. Открива естетиката на хармонизирањето на соживотот меѓу природата и човекот. Ликовната изведба се фокусира на природните материјали како податни ресурси при обликувањето на структуралните површини со точно одредени визури.
![]()

